Детален опис на производот:
Vitamin C Alkaloid таблети Состав
Ascorbic acid 500 mg
Фармацевтска форма
Таблети
Дејство
Хидросолубилен витамин кој заедно со нејзиниот активен метаболит, дихидроаскорбинската киселина, учествува во оксидоредуктивните реакции. Неопходен е при создавање на колагенот кој учествува во градба на коските, забите кожата, рскавицата, тетивите и крвните садови. Неопходен е во биосинтезата на катехоламините и карнитинот, а учествува и во метаболизмот на некои аминокиселини, фолна киселина и железо. Како силен редуктор ги неутрализира штетните оксиданси и слободните радикали.
Индикации
- Превенција и лекување при недостиг од витамин Ц – скорбут
- Состојби каде што се зголемени потребите од витамин Ц (хемодијализа, ГИ- заболувања, туберкулоза, неоплазми, улцер на желудник, хипертиреози, зголемена телесна температура, стрес, заразни болести, изгореници, пушење, алкохолизам, престој во ладни предели, по хируршки интервенции, тешка физичка работа, бременост, доење, растење и употреба на некои лекови (барбитурати, примидон, салицилати)
- Состојби при намалено внесување на витамин Ц: болни на целосна парентерална исхрана, лица кои се на диета и лица кај коишто недостасува витамин Ц во исхраната
- Предозирање со железо: применет заедно со дефероксамин, го зголемува излачувањето на железо
- Лекување на идиопатската метхемоглобинемија
Пакување
Vitamin C Alkaloid таблети – 10 таблети