Vitamin B6 таблети

85.00 ден

Краток опис на производот:

Vitamin B6 е хидросолубилен витамин неопходен за метаболизмот на протеините. Учествува во метаболните процеси на аминокиселините (декарбоксилација, дезаминација, трансаминација итн). Има важна улога во метаболизмот на мастите, формирањето хем, како и на нијацин од триптофанот.

SKU: 5310001216290

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Состав
Pyridoxine 20 mg

Фармацевтска форма
Таблети

Дејство
Витамин Б6 – Хидросолубилен витамин чијашто активна форма е пиридоксал фосфат, неопходен за метаболизмот на протеините. Учествува во метаболните процеси на аминокиселините (декарбоксилација, дезаминација, трансаминација итн). Има важна улога во метаболизмот на мастите, формирањето хем, како и на нијацин од триптофанот.

Индикации

  • Терапија и превентива на сосотојби при недостаток од витамин Б6: микроцитна и хипохромна анемија, конвулзии кај новороденчиња, полиневритиси и невропатии при терапија со лекови кои содржат изонијазид, пенициламин, хидралазин и циклосерин.
  • Намалени концентрации на витамин Б6 вообичаено се присутни при диети, уремија, алкохолизам, цироза, хиперпаратиреоидизам, малапсорптивен синдром, кај пациенти со срцева слабост, долготрајна хемодијализа, како и при генетски нарушувања во метаболизмот на аминокиселините.
  • Зголемени потреби од витамин Б 6 се јавуваат кај геријатриски пациенти, бременост и лактација, и при долготрајна употреба на хормонални контрацептиви.
  • Други индикации: акни, себореичен дерматитис, хиперлипидемија, озрачување, хиперемезис гравидарум, предменструален синдром, вертиго, хиперкинетски синдром кај деца, хипероксалурија, зависност од пиридоксин кај деца.

Пакување
Vitamin B6 Alkaloid таблети – Кутија со 20 таблети