Детален опис на производот:
Состав
1 капсула содржи:
- витамин А (во форма на ретинил палмитат) – 500 µg (1667 IU)
- витамин D3(холекалциферол) – 10 μg (400 IU)
Дејство
- Витаминот А придонесува за одржување здрава кожа и слузокожа, како и за одржување на видот и за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
- Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и на фосфорот, за одржување на коските и за нормална мускулна функција.
- Недостигот на витамин Д може да предизвика остеомалација (омекнување на коските) кај возрасни и остеопороза кај постари лица.
- Витаминот Д придонесува за нормална концентрација на калциум во крвта и за одржување здрави заби. Тој, исто така, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
- Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата.
- Витаминот Д стекнува хормонска активност кога холекалциферолот (витаминот D3) се претвора во 1,25-дихидрокси витамин D3 (калцитриол) во црниот дроб и во бубрезите.
- Витаминот D3 е единствен витамин во организмот којшто може да се произведе со помош на сончевата светлина (УВБ).
- Сепак, со денешниот начин на живот, престојување во затворени простории и со широката примена на производи со заштитни фактори, се појавува недостиг на 1,25-дихидрокси витамин D3 којшто е неопходен за изградба на коските и за регулација на имунолошкиот систем.
Употреба
Капсулите Витамин А + D3 Алкалоид се употребуваат како додаток во исхраната кај деца и кај возрасни кои имаат зголемени потреби за овие витамини.