Услови и правила
Според законот за лекови и медицински помагала (Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година)
„Се забранува промет преку Интернет со лекови кои се издаваат на рецепт, каков било промет со фалсификувани лекови, како и промет со лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани. Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на идентификација на фалсификуваните лекови, нивното отстранување од промет, информирањето на надлежните институции и медицински центри и нивното уништување.“
Веб страната www.eriks.mk може да се користи без никакви надоместоци за користење и во согласност со овде наведените услови и правила. Со користење на оваа веб страница се обврзувате и согласувате да ги почитувате следните сите услови и правила.
Потенциалните клиенти имат можност за купување производ од асортиманот на www.eriks.mk со само неколку клика, дури и за клиенти кои прв пат се среќаваат со таков тип на трговија.
Нашата веб страна има тим за подршка кој може да ви асистира при реализација на нарачка, побарајте подршка на телефонскиот број 070 741 313.
Сите цени на производите се изразени во денари со вклучен ДДВ. Цените на производите редовно се ажурираат. Плаќањето може да се изврши на неколку начина:
– Кредитна/Дебитна картичка (во изработка)
– Плаќање во готово т.е. на врата при преземање на пакетот од службата за достава
– Банкарски налог
Сите информации наведени за производите се преземени од официјална документација, декларација и други материјали кои ги уредуваат производителите или увозникот на истите. Го задржуваме правото на потенцијална греша, доколку се сомневате во веродостојноста на прикажаните информации (слика, опис, цена и др.) на веб сраната за одреден производ, слободно контактирајте со нас на телефпм 078 333 146.
ПЗУ Аптека „ЕРИКС“ е обврзена да не ги злоупотребува Вашите личните информации, сите детали околу политиката за приватност може да ги пронајдете овде.
ПЗУ Аптека „ЕРИКС“ е обврзена да ги спроведува уредбите од Законот за заштита на потрошувачи (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15, 140/18 и 236/22).
Податоци за трговец:
– Приватна Здравствена Установа Аптека „ЕРИКС“ Струмица
– Седиште ул. Мајка Тереза бр. 3 лок. 8, 2400 Струмица
– ЕДБ 4027022536672 / ЕМБС: 7628439