SYNERGY Vitamin D3 2000IU
650.00 ден
650.00 ден
Детален опис на производот:
SYNERGY VITAMIN D3 2000IU – ПОДДРШКА НА ИМУНИТЕТОТ И ОДРЖУВАЊЕ НА КОСКИТЕ, МУСКУЛИТЕ И ЗАБИТЕ
Што претставува Vitamin D3 2000IU?
Витамин Д3 (холекалциферол) е природна форма на витамин Д за човековото тело и спаѓа во групата на витамини растворливи во масти. Придонесува за нормална апсорпција и искористување на калциумот и на фосфорот. Ја подобрува коскената минерализација , помага во формирање на скелетот и забите кај децата, го зајакнува процесот на осификација, неопходен е за нормално функционрање на паратиороидната жлезда.
Тој има улога во многу невролошки и клеточни функции за кои е потребен калциум , а учествува и во продукција на моноцити. Витамин Д3 и калциум помагаат во намалување на загубата на коскени материјали кај жени во пост-менопауза. Ниска коскена минерална густина е ризик фактор за остеопоротични коскени фрактури.
Дејство на Vitamin D3 2000IU
Витамин Д3 се препорачува при: профилакса на рахитис и остеомалација предизвикани од дефицит на вит. Д3, профилакса кај постоечки ризик за заболување предизвикано од дефицит на вит. Д3, нормална функција на имунолошкиот систем, нормална мусклулна функција и за здрав раст и здрав развој на децата.
Кај возрасни лесен недостаток на витамин Д се манифестира како губиток на апетит и тежина, проблеми со спиење и дијареа. Потежок дефицит предизвикува остеомалација и мускулни спазми. Коските стануваат меки, кршливи и болни, како резултат на намалениот калциум во нив. Кај деца недостаток на витамин Д е причина за рахитис.
Состав:
содржи 2000 ИЕ витамин Д3 од природно потекло.
Дозирање:
Аптека ЕРИКС препорачува: