Surecheck тест за бременост

170.00 ден

Краток опис на производот:

Surecheck тест за бременост го детектира присуството на хормонот Human Chorionic Gonadotropin (hCG), кој се излачува во урината брзо по забременувањето.

SKU: 38008498

Бренд

Sure check Logo

Производител

UniComs Switzerland logo

Детален опис на производот и употреба:

Како работи тестот за бременост Surecheck?
Surecheck® го отчитува присуството на хормонот Human Chorionic Gonadotropin (hCG), кој се излачува во урината малку по забременувањето. Кога капки од урината кои го содржат овој хормон ќе паднат врз приклучокот на тестот, во прозорчето на резултатот се појавуваат две цртички.

Кога да си направам тест за бременост?
Уште на првиот ден од доцнење на циклусот, во секое време од денот – имајќи предвид дека првата утринска урина обично е со повисока концентрација на хормонот hCG.

Имам нередовен циклус. Кога да си направам тест?
При нередовен циклус, можете да си направите тест 19 дена по денот на евентуалното забременување. Ако резултатот е негативен, направете тест повторно по 48 часа.

Што да правам ако цртичката во тест зоната (T) е многу бледа?
Направете нов тест по 48 часа. Интензитетот на бојата на на цртичката зависи од концентрацијата на хормонот hCG.

Што може да влијае на резултатот?

  • Употребата на одредени лекови кои што содржат hCG може да влијае на точноста на резултатот.
  • При тест во рамките на првите 8 недели по раѓање или абортус, резултатот може да е погрешно позитивен поради преостанатата концентрација на хормонот hCG во организмот. При сомнежи околу резултатот, се препорачува да се консултирате со лекар.
  • Земањето на големи количини на течности би можело да ја намали концентрацијата на хормонот hCG во урината и на тој начин да влијае врз резултатот.
  • Земањето на контрацепциски средства, антибиотици, лекови против болка и алкохол не влијае врз резултатите од тестот.