Strepsils Plus пастили

300.00 ден

Краток опис на производот:

Strepsils Plus пастили се користат за симптоматско олеснување на болка при инфекции на уста и грло.

SKU: 5000158105980

Детален опис на производот:

Strepsils Plus пастили – Стрепсилс Плус пастилите се користат за симптоматско олеснување на болка при инфекции на уста и грло.

  • Моќен анестетик кој брзо ја намалува болката во грлото
  • Комбинација на антисептици кои се борат против бактериите кои предизвикуваат инфекции

Секоја  пастила содржи активни состојки:

  • амилметакрезол 0.6 мг
  • 2.4-дихлоробензил алкохол 1.2 мг
  • лидокаин хидрохлорид 10 мг

Помошни состојки:
винска киселина, натриум сахарин, левоментол, масло од питомо нане, масло од анасон, боја quinoline yellow, боја indigo carmine, течна сахароза и течна глукоза.
Една пастила содржи 1.0 гр глукоза и 1.5 гр сахароза.

Употреба:
За локална употреба во уста.
Возрасни, постари лица и деца над 12 години: Една (1) пастила полека се растопува во уста на секои 2 часа, по потреба.
Да не се земаат повеќе од 8 пастили во тек на 24 часа. Не се препорачува за деца помали од 12 години.

Предупредување:
Ако сте бремени, мислите дека сте бремени или ако доите, советувајте се со Вашиот лекар пред да го земете овој лек.

Пакување:
16 пастили.