Snup спреј за нос

260.00 ден

Краток опис на производот:

Snup спреј за нос, раствор, содржи активна супстанција ксилометазолин која ги стеснува крвните садови на слузницата на носот и со тоа се намалува отокот и се зголемува проодноста на носните канали.

SKU: 8600097430135

Производител

Hemofarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Снуп 0.1% Спреј за нос, раствор, содржи активна супстанција ксилометазолин која ги стеснува крвните садови на слузницата на носот и со тоа се намалува отокот и се зголемува проодноста на носните канали.

Состав:
Ксилометазолин (во форма на хидрохлорид). Snup® спреј за нос, раствор 0.1% 1 мл спреј за нос, раствор содржи 1 мг ксилометазолин хидрохлорид. Една апликација на производот (околу 0.09 мл раствор) содржи 0.09 мг ксилометазолин хидрохлорид.

Производот е наменет за олеснување на симптомите кај затнат нос, хроничен и алергиски ринитис (алергиско воспаление на слузницата на носот), синузитис (воспаление на синусите).

Употреба:
Возрасни и деца постари од 6 до 12 години: по потреба се вбризгува до 3 пати на ден по една доза SNUP 0.1% спреј за нос, во секоја носница.

Спрејот за нос, растворот не треба да се употребува подолго од 7 дена. Производот не е наменет за деца помлади од 12 години.

Snup® не смеете да го користите: ако сте алергични (преосетливи) на ксилометазолин хидрохлорид или на која било друга помошна состојка на производот. Ако имaтe суво воспаление на носната слузница (rhinitis sicca) и кај деца на возраст под 12 години (SNUP® 0.1% спреј за нос, раствор).

Пакување:
10 мл.