Septolete Total пастили
220.00 ден
Детален опис на производот и употреба:
Septolete total пастили – Септолете тотал е современ препарат со посебен состав кој овозможува целосен третман на болното грло. Дејствува на причината за инфекција и ги ублажува симптомите на воспалението, како што се:
- болка
- црвенило
- оток
- печење
- нарушена функција на грлото
Целосен третман за болки во грлото
Повеќето случаи на болно грло кај возрасните и деца се предизвикани од вируси, па затоа антибиотиците во овој случај не се ефикасни и се препорачува соодветна терапија која брзо ослободува од болки во грлото.
Кога вашето грло е надразнето, отечено или ве боли, потребен ви е целосен третман. Септолете тотал е посебна комбинација од две активни состојки:
- Бензидамин – овозможува олеснување на болката и воспалението во грлото
- Цетилпиридиниум – ја отстранува причината за инфекција
На тој начин, Септолете тотал овозможува целосен третман за болки во грлото од било кој степен (благи до силни).
Комбинацијата на овие две активни состојки обезбедува тројно дејство:
- противвоспалително
- аналгетско
- антисептично
Производ и употреба
Септолете тотал пастилите ја отстранува причината за инфекција и ги лекува болката и воспалението, соодветен е за употреба како во почетните фази на иритација на грлото, така и при болно и отечено грло.
- брз почеток на дејство
- клинички докажана ефикасност и безбедност
- не содржи шеќер
Начин на употреба на Септолете тотал
Едноставно дозирање
За возрасни и деца над 6 години
Пастили: 3 до 4 пастили дневно