Septanazal спреј за нос за возрасни
220.00 ден
Краток опис на производот:
Septanazal спреј за нос за возрасни се употребува за намалување на отокот на носната слузница при воспаление на носната слузница (ринитис) и за заздравување на повредите (лезиите) на слузницата, за олеснување при неалергиско воспаление на носната слузница (вазомоторен ринитис), за лекување на отежнато дишење низ носот по операција на носот.
Детален опис на производот и употреба:
Septanazal спреј за нос за возрасни
Состав:
Активни супстанции: ксилометазолин хидрохлорид и декслантенол.
Септаназал за возрасни се употребува:
- За намалување на отокот на носната слузница при воспаление на носната слузница (ринитис) и за заздравување на повредите (лезиите) на слузницата
- За олеснување при неалергиско воспаление на носната слузница (вазомоторен ринитис)
- За лекување на отежнато дишење низ носот по операција на носот
Употреба:
Препорачана доза за возрасни е едно прскање во секоја носница до 3 пати. Дозата зависи од индивидуалната осетливост и клиничката ефикасност. Не се препорачува употреба на овој лек повеќе од 7 дена. Повторна употреба е можна по пауза од 7 дена.
Начин на употреба:
Септаназал за возрасни е соодветен за употреба само кај деца на возраст над 6 години. За деца до 6 години, достапен е Септаназал за деца cпpej за нос со пониски дози од активните супстанции. Доколку детето не се чувствува подобро или се чувствува полошо по 3 дена од лекувањето, ве молиме советувајте се со лекар.