SENTIS капсули

280.00 ден

Краток опис на производот:

SENTIS представуваат таблети – капсули за смирување на природна база, имаат смирувачко и релаксирачко дејство. Тие се апчиња за спиење на природна база, помагаат за поттикнување на сонот, за смирување и за опуштање на мазните мускули.

Нема на залиха

ИЗВЕСТУВАЊЕ: За жал овој производ го немаме на залиха, една од причините е неможноста да биде нарачан од сите релевантни веледрогерии во Македонија. Погледнете што препорачува аптека ЕРИКС како замена и/или поврзани/слични производи.
За повеќе информаци околу достапноста ве молиме контактирајте со нас.

SKU: sentis-caps

Производител

Bionika Pharmaceuticals logo

Детален опис на производот и употреба:

Зошто е потребен SENTIS?
Сентис е традиционален хербален лек кој се употребува за привремено олеснување на симптомите на умерена анксиозност (нервоза) и го помага заспивањето при несоница. Индикациите се базираат врз традиционалната употреба на коренот од Valeriana Officinalis. Активната супстанција е екстракт кој се добива од суви подземни делови од растението (ризоми и корени). Познато е дека екстрактот од валеријана има седативно дејство и ги релаксира мускулите. Валеријаната претставува најдобриот природен седатив и помошник за подобар сон во последните 2000 години.

Кој треба да го употребува СЕНТИС:

  • Нервозни луѓе
  • Луѓе кои патат од несоница
  • Луѓе со немирен сон
  • Секојдневно вознемирени луѓе

Како лек за несоница, валеријаната:

  • Го скратува времето потребно да се заспие.
  • Ги намалува ноќните будења.
  • Не предизвикува утрински мамурлак кој може да се манифестира кај употребата на синтетските лекови за спиење.
  • Предизвикува нервна и мускулна релаксираност, па може да ублажи менструални грчеви и промени на расположението.

Истражувањата индицираат дека компонентите во валеријаната делуваат на истите рецептори како седативите, но со поблаг ефект и не предизвикуваат зависност.

СЕНТИС се употребува за:
Лечење на несоница: СЕНТИС е хербален лек кој помага при несоница. Особено е добар за луѓе кај кои сонот е нарушен од секојдневните проблеми. Исто така помага кај оние со лесен сон т.е. оние кои лесно се будат од сонот.

Намалување на анксиозноста (нервозата).

„Топење“ на тензијата и стресот – Стресот убива и тоа неможе да се демантира. Тој се акумулира во мозокот и така влијае на сите телесни системи. Наречен е „топачот на стрес“ и со регуларна доза на СЕНТИС може да се помогне при разни ситуации од главоболки до опстипација, со оглед на тоа дека дури и опстипацијата може да биде физичка манифестација на психолошка напнатост.

30 Меки желатински капсули кои содржат Валеријана
Активна супстанција – 200 mg екстракт од корен од Валеријана (Valeriana Officinalis)