Self Clear тест за бременост

230.00 ден

Краток опис на производот:

Тестот Self Clear обезбедува најбрз резултат – за само 8 дена по половиот однос. Тестот е брз и во еден чекор се изведува имуно-анализа со која се открива присуството на hCG (Human Chorionic Gonadotropin) во урина, а со ова постоење на бременост.

SKU: 5206977000035

Детален опис на производот:

Self Clear тест за бременост од новата генерација

ЗНАМ ПОРАНО – ЗНАМ ПОДОБРО
НАЈБРЗ РЕЗУЛТАТ ЗА САМО 8 ДЕНА ПО ПОЛОВ КОНТАКТ

Тестот Self Clear е брза и во еден чекор изведена имуно-анализа со која се открива присуството на hCG (Human Chorionic Gonadotropin) во урина, а со ова постоење на бременост. Тестот користи комбинација на антитела, вклучувајќи и антитело на моноклонален hCG, за селективно откривање на покачено ниво на hCG<.

Во првите денови на бременоста концентрацијата на хормонот hCG во организмот е многу ниска, а постепено се зголемува во текот на бременоста. Отприлика 5-тиот ден од зачнувањето концентрацијата на хормонот hCG е 10mlU/ml. Self Clear е единствен тест за бременост во светски размери кој го мери хормонот hCG од 10mlU/ml, додека сите други останати тестови го откриваат hCG хормонот кога неговото ниво достигнува концентрација од 25mlU/ml, значи треба да поминат уште 10-15 дена приближно за да се зголеми количината на хормонот hCG во организмот до концентрација од 25mlU/ml.

Self Clear тестот може да се направи 5-тиот ден по зачнувањето (или 8-миот ден од половиот контакт) и е наменет за сите жени независно дали имаат или не стабилен (редовен) циклус.

ЗАЧНУВАЊЕТО МОЖЕ ДА НАСТАНЕ И 2-3 ДЕНА ПО ПОЛОВИОТ КОНТАКТ