REVALID Шампон против првут 250ml

890.00 ден

Краток опис на производот:

Revalid шампонот против првут комбинира разновидни активни состојки за да обезбеди ефикасно и долготрајно отстранување на првутот. Активните состојки го враќаат нормалното хидрирање на скалпот и спречуваат формирање на нови лушпи. Во исто време, екстрактот од коприва, пантенолот и алантоинот го смируваат скалпот и го намалуваат непријатното чешање.

SKU: 7640123391796

Бренд

Revalid Logo

Детален опис на производот:

Revalid Anti-dandruff  шампонот против првут комбинира разновидни активни состојки за да обезбеди ефикасно и долготрајно отстранување на првутот.

Благодарение на неговиот состав, Revalid шампонот против првут е погоден за секојдневна употреба.

Во клинички услови, Revalid шампонот против првут покажа исклучително добра подносливост при дерматолошкото тестирање.

Без парабени и силикон.

АКТИВНИ СОСТОЈКИ:

PIROCTONE OLAMINE
Piroctone Olamine е состојка против првут која го намалува воспалението на скалпот и го намалува првутот.

ЕКСТРАКТ ОД КОПРИВА
Екстрактот од коприва е широко употребуван во природните препарати и ја регулира продукцијата на себум во скалпот.

UNDECYLENIC ACID
Undecylenic acid има природни антигабични својства и ја намалува продукцијата на габата Malassezia и придонесува за намалување на иритацијата и чешањето.

ПАНТЕНОЛ
Пантенолот докажано ја стимулира пролиферацијата на кожни фибробласти и го забрзува обновувањето на клетките. Исто така, помага косата да ја апсорбира и задржува влажноста. Оваа состојка може да помогне да се обнови оштетената коса и да се намалат распуканите врвови и истенчувањето, како и да ја зголеми еластичноста на косата.

AЛАНТОИН
Алантоинот го смирува скалпот и го стимулира создавањето на клетките, подобрувајќи го обновувањето на кожата на скалпот.

НАЧИН НА УПОТРЕБА
Нанесете мала количина од Revalid шампонот против првут на дланката. Од шампонот со вода направете малку пена. Полека нанесете на влажна коса и нежно масирајте. Исплакнете темелно. Доколку е потребно, повторете.