RELAX восочна облога за грб
1,380.00 ден
Краток опис на производот:
RELAX восочна облога за грб овозможува пријатно чувство затоа што под дејство на телесната температура се развива мирис на мед и восок. Пријатно загреаните плочи од восок во допир со напнатите делови на вратот моментално помагаат за опуштање на напнатоста.
Детален опис на производот и употреба:
RELAX восочна облога за грб / RELAX vosocna obloga za grb
Овозможува пријатно чувство затоа што под дејство на телесната температура се развива мирис на мед и восок. Правилно обликуваните и пријатно загреани плочи од восок во допир со напнатите делови на вратот моментално помагаат, а благотворниот мирис на загреаниот восок го подобрува расположението.
Структурен состав:
- Восочно јадро – природно пречистен пчелин восок, претопен во плочи со сачаста структура, моментално опушта, благотворно смирува, одржува температура, не се лади под телесната температура, 100% природно.
- Ленено платно – 100% природно, во повеќе слоеви. Делува благотворно смирувачки, нежно на кожата.
- Памучно платно – 100% природно, во повеќе слоеви.
Начин на употреба:
- Пред загревањето да се одстрани заштитната хартија од внатрешната страна на облогата
- Внатрешната страна на облогата (ленената) се загрева до 40°С (со пегла, на опција wool)
- Загреаната облога може да се стави директно на кожата
Напомена:
- Облогата не треба да се загрева доколку личноста има зголемена телесна температура (преку 37°С);
- Појавата на восочни дамки на ленениот дел не ја намалува делотворноста на облогата;
- Да се пере рачно, со нежен детергент на температура до 30°С