Prostamol UNO капсули
820.00 ден
Детален опис на производот и употреба:
Prostamol UNO капсулите се користат во терапија на пореметување при уринирање (проблеми при празнење на уринарната бешика) при бенигно зголемување на жлездата на простатата (бенигна хиперплазија на простатата фаза 1 и 2). Следните симптоми може да се појават ако страдате од бенигна хиперплазија на простатата:
- Потреба да уринирате често,посебно во текот на ноќта
- Слаб или испрекинат млаз на урина
- Капнување на урина
- Чувство на некомплетно празнење на уринарната бешика
- Болка при уринирање
- Пореметување во сексуалниот живот
Екстрактот од пилеста палма ја олеснува потребата за често уринирање, слабиот и испрекинат млаз на урина, чувство дека не можете комплетно да ја испразните уринарната бешика. Пред да почнете на лекувањето потребно е лекарот да постави дијагноза и да ги исклучи сериозните патолошки состојби