Прополис сируп
200.00 ден
200.00 ден
Детален опис на производот:
Propolis sirup е потполно природен пчелин производ кој помага за одржување на нормалната физиолошка функција на организмот, особено на имунитетот.
Прополисот e природна смолеста супстанција што пчелите ја собираат заедно со нектар и полен, а потоа ја преработуваат користејќи го секретот од своите жлезди при што формираат околу 60 до 70 различни супстанции, повеќето од нив особено полезни за човековото здравје.
Во пчелината кошница прополисот служи како главно заштитно средство од надворешни инфекциски влијанија при нејзината изградба. По својот хемиски состав прополисот е комплексна смеса на биофлавоноиди, полен, растителни смоли, етерични масла, аминокиселини (со нутритивен и физиолошки ефект), витамини, минерали.
Главни активни компоненти на прополисот се биофлавоноидите (галангин, пиноцембрин, хризин, кверцетин, нарингенин и апигенин), кои имаат заштитна улога од надворешни инфекциски влијанија. Фитофарм врз основа на своето искуство и знаење формулираше линија на производи со прополис кои имаат различна намена.
ПРОПОЛИС сирупот помага во зајакнување на функцијата на имунолошкиот систем, што овозможува подобра отпорност на организмот.
Медот е природен извор на многу значајни хранливи материи кои се особено корисни за да се одржи добрата здравствена состојба на организмот. Добро е познат по своите хранливи својства и богатиот состав на биоактивни материи, како што се: протеини, витамини, минерали, флавоноиди и ензими. Како природен засладувач со драгоцена нутритивна вредност, помага во одржувањето на имунитетот и ги надополнува благотворните својства на прополисот и останатите состојки во сирупот.
Ментолот дава пријатно чувство на ладење и свежина во устата.
Екстрактот од мајчина душичка поволно делува во заштитата на дишните патишта и при искашлувањето. Етеричното масло од еукалиптус помага да се олесни дишењето и да се заштити слузницата на дишните патишта.
Витаминот Ц е познат по своите антиоксидантни својства и улогата што ја има во неутрализирање на слободните радикали во организмот со што особено придонесува за одржување на имунолошкиот систем.
Употреба:
ПРОПОЛИС сирупот е природен производ кој се препорачува како помош при заштита на дишните патишта.
Начин на употреба:
Пред секоја употреба добро да се промати!
Предупредување:
Да не се надминува препорачаната дневна доза.
ПРОПОЛИС сирупот не треба да го употребуваат лица кои се алергични на прополис или на некоја од состојките што влегуваат во составот на производот. Бремени жени и доилки може да го употребуваат ПРОПОЛИС сирупот само по препорака и советување со лекар. Сирупот содржи шеќер и не се препорачува за лица со дијабетес.
Напомена:
Додатокот во исхрана не треба да се користи како замена на разновидна исхрана.
Чување:
На температура до 250С, заштитено од светлина.
Да се чува на места недостапни за деца!
Пакување:
100 ml сируп во стаклено шише и одмерна лажичка/ картонска кутија.
Аптека ЕРИКС препорачува: