Probival Choco + C + Zn чоколадни мечиња
420.00 ден
Краток опис на производот:
Probival choco се додаток во исхраната за деца што содржи живи бактериски култури Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium lactis, инулин, витамин Ц и цинк, за стимулирање на добрите бактерии во дигестивниот тракт, намалување на стомачните тегоби и запирање на дијареата.
Детален опис на производот:
Зошто Probival Choco + C + Zn?
- Чоколадни мечиња со детски добри бактерии и пребиотик
- Неодолив чоколаден вкус кој децата го сакаат
- 100% од препорачаната дневна доза за деца на цинк и на витамин Ц
- Не содржи глутен, шеќери и конзерванси
Што е Probival Choco + C + Zn?
Probival Choco + C + Zn е симбиотик кој содржи пробиотски и пребиотски култури. Благодарение на единствената формулација, ефикасно може да помогне во сите состојби кога е нарушена цревната флора и кога ќе дојде до дијареја. Доаѓа во облик на чоколадни мечиња за џвакање кои децата ги сакаат и лесно ги прифаќаат. Содржи добри млечно-киселински бактерии и бифидо бактерии, наречени „детски бактерии“ бидејќи се природни жители на цревниот тракт и најдобри испитани пробиотски бактерии. Пребиотикот инулин, цинкот и витаминот Ц во составот дополнително придонесуваат за исклучителна ефикасност на овој производ. Во согласност со препораките на СЗО и UNICEF, цинкот се препорачува во терапија на акутна дијареја, бидејќи го скратува времетраењето и ги ублажува симптомите.
Предности на Probival Choco + C + Zn
Со чоколадните мечиња Probival Choco + C + Zn ќе бидете потполно безгрижни бидејќи повеќе нема да ги имате досегашните проблеми поради одбивање пробиотик или растворање на пробиотикот во лажичка. Практични се за носење каде и да одите, и ви даваат можност да ја зајакнете цревната флора и да им овозможете на вашите деца мирен стомак и весели денови.
Вкусот на чоколадо потекнува од какао, а во составот нема глутен, конзерванси и шеќери. Производот содржи засладувач малтитол, кој одобрен и дозволен за мали деца.
Од пробиотските култури, содржи висока концентрација на пробиотски бактерии Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium lactis, кои се природни жители на цревниот тракт, најдолго применувани и најмногу испитувани пробиотски бактерии.
Пребиотикот инулин е растително влакно, кое го поттикнува растот и активноста на добрите бактерии, нормалната работа на цревата и варењето. Ги храни добрите бактерии и со здруженото дејство со пробиотикот го забрзува престанувањето на дијарејата.
Цинкот ја поттикнува регенерацијата на епителот на цревната слузница и ја нормализира функцијата на цревата. Ја намалува тежината и времетраењето на дијарејата. Помага во зајакнување на имунитетот и ја зголемува одбранбената способност на организмот.
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, кој придонесува за зајакнување на одбранбените способности на организмот и воспоставува нормална функција на имунолошкиот систем. Благодарение на тоа што влијае за создавање на енергија на клеточно ниво, витаминот Ц ја намалува исцрпеноста и уморот, кои се последица на дијарејата.
За кого е Probival Choco + C + Zn?
Чоколадните мечиња се посебно создадени за деца кои имаат стомачни тегоби предизвикани од дијареа. Дијарејата настанува со нарушување на цревната флора поради промена на вода, исхрана, климатски услови за време на патување или од примена на антибиотици. Поради тоа, се препорачува примена на Probival Choco + C + Zn заедно со антибиотик, односно во текот на целото време на употреба на антибиотик, како и три дена пред патување, за време на патувањето и три дена по враќање од пат, заради обновување на цревната флора со добри бактерии.
Употреба
За деца до четири годишна возраст се препорачува едно чоколадно мече дневно, а деца постари од четири години можат да земаат и две мечиња дневно. Се препорачува употреба на чоко мечињата два часа пред оброк. Доколку се користат со антибиотик, се препорачува употреба најмалку три часа по земањето на антибиотикот.
Нутритивни вредности
Живи бактериски култури 1,0 x 109 CFU
Инулин 230mg
Витамин Ц 20mg (25% ПВ*)
Цинк 2,5mg (25% ПВ*)
*ПВ – препорачан дневен внес за возрасни
Состав
Малтитол, растително масло (палмино масло), обезмастено млеко< во прав, инулин, какао во прав, витамин Ц, емулгатор (сончогледов лецитин), антиоксиданси (збогатена мешавина од токоферол и естри на масни киселини од аксорбинска киселина), живи бактериски култури Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium lactis, цинк (во форма на цинк оксид), прав од ванила.
Пакување
20 таблети за џвакање (чоколадни мечиња)
Аптека ЕРИКС препорачува: