Детален опис на производот:
Polivit B plus таблети – витамините од Б групата учествуваат во одржување на нормални физиолошки и метаболички процеси во организмот.
- Витамините од Б групата учествуваат во одржување на нормални физиолошки и метаболички процеси во организмот, допринесуваат за нормално функционирање на нервниот систем, го намалуваат заморот и исцрпеноста. Поволно делуваат на функцијата на кожата и слузокожата, нервниот, кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем и допринесуваат во ефикасноста на енергетскиот метаболизам
- Фолната киселина (витамин Б9) претставува неактивна форма која организмот може да ја искористи дури кога под дејство на ензимите ќе се претвори во активна форма – активен фолат, односно L-metilfolat. Се смета дека голем процент од популацијата (помеѓу 40% и 60%), поради генетски полиморфизам не може да да ја конвертира фолната киселина во активен фолат, биорасположива форма која организмот може да ја искористи. Поради тоа, примената на активен фолат може да биде најдобра опција за избегнување на дефицит на фолна киселина поради лошата биорасположивост на самата фолна киселина
- Фолатите имаат улога во процесот на делба на клетките, во текот на бременоста допринесуваат за нормална синтеза на аминокиселини, како и за нормални психолошки функции, нормален метаболизам на хомоцистеин, намалување на заморот и исцрпеноста и допринесуваат во нормално создавање на црвени крвни клетки
- Витамините Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), Б3 (ниацин), Б5 (пантотенска киселина), Б6 (пиридоксин) и Б7 (биотин), се кофактори на метаболичките процеси и играат важна улога во ефикасноста на енергетскиот метаболизам
- Витамините Б2, Б6 и Б12 играат важна улога во процесот на синтеза на црвени крвни клетки и допринесуваат во ефикасноста на процесот на еритропоезата
- Фолатите и витамините Б6 и Б12 допринесуваат во нормална функција на имуниот систем, имаат улога во разградувањето на хомоцистеин и неговото претварање во цистеин, а на тој начин поволно делуваат на функцијата на кардиоваскуларниот систем
- Позитивен допринос на психофизичките функции и стабилност на менталната активност поседуваат витамините Б1, Б3, Б6, биотин и витамин Б12. Витаминот Б12 е неопходен за создавање и одржување на интегритетот на миелинската обвивка на нервите
- Витамин Б6 има улога во синтезата на невротрансмитери и допринесува во регулацијата на хормонската активност
- Поволни ефекти на одржување на здравјето на кожата и слузокожата манифестираат витамин Б2, Б3 и биотинот
- Витамин Б5 допринесува во нормална синтеза и метаболизам на стероидните хормони, витамин Д и некои невротрансмитери и поволно делува на менталната способност
1 филм-обложена таблета содржи:
- Витамин Б1 (тиамин) 3 мг
- Витамин Б2 (рибофлавин) 3 мг
- Витамин Б3 (ниацин) 16 мг
- Витамин Б5 (пантотенска киселина) 5 мг
- Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) 2 мг
- Витамин Б9 (фолна киселина, како calcium-L-metilfolat) 400 мкг
- Д-биотин 25 мкг
- Витамин Б12 (цијанкобаламин) 2 мкг
Помошни супстанци:
Лактоза монохидрат, пченкарен скроб, лактоза-L-хидрат, хидроксипропилметилцелулоза, титан диоксид, црвен железен оксид, полиетиленгликол, поливинилпиролидон, силициум диоксид, талк, магнезиум стеарат.
Употреба:
Polivit B plus филм-обложени таблети се наменети за употреба кај возрасни и деца над 6 годишна возраст 1 таблета на ден.
Не претставуваат замена за избалансирана и разновидна исхрана.
Употреба со други лекови и медицински производи:
Не употребувајте Polivit B plus ако сте на терапија со леводопа.
Ако истовремено употребувате трициклични антидепресиви, алфа-1 блокатори или сулфонамиди, треба да консултирате лекар.
Бременост и доење:
Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате да забремените
Влијание врз способноста за возење автомобил или за ракување со машини:
Не е забележано влијание на Polivit B plus филм-обложените таблети врз способноста за возење или ракување со машини.
Пакување:
30 таблети