Pilfud 2% Minoxidil спреј

520.00 ден

Краток опис на производот:

Pilfud 2% Minoxidil спреј – за третман на наследно опаѓање на косата, бидејќи го поддржува нејзиното повторно растење и го спречува прекумерното опаѓање.

SKU: pilfud-losion

Производител

Bosnalijek logo

Детален опис на производот и употреба:

Pilfud 2% Minoxidil спреј – Пилфуд 2% спреј, раствор кој припаѓа на групата на лекови така наречени анти-алопетици (лекови кои го стимулираат растот на косата). Производот се употребува за третман на андрогена алопеција кај мажи и жени на возраст од 18-65 години, затоа што тој го превенира понатамошното губење на коса и го помага повторниот раст на косата.

Производот содржи миноксидил, за кој се смета дека го подобрува дотокот на крв до клетките од кои растат влакната.

Пилфуд 2% растворот најдобро делува кај мажи на кои им опаѓа косата од скалпот. Почетокот на ефектот и степенот на раст на косата може да варираат помеѓу корисниците. Обично на третманот со Пилфуд 2% растворот подобро реагираат помладите пациенти, оние кои пократок временски период имаат проблеми со опаѓање на косата и оние кај кои е зафатена помала површина на главата.

Наследниот губиток на коса може да се препознае по:

  • Начинот на опаѓање на косата
  • Почетокот е постепен а потоа состојбата напредува
  • Постои фамилијарна историја на ќелавост
  • Нема други симптоми кои би можеле да се поврзат со опаѓањето на косата.

Состав:
1 мл Пилфуд 2% содржи 20 мг миноксидил.

Помошни супстанци:
пропиленгликол, етанол 96%, прочистена вода.

Употреба:
Пилфуд лосионот се употребува наутро и навечер на суви места. Се нанесува по 1 мл и се трие од средината кон краевите на кожата. Откако ќе се постигне саканиот ефект дозата се намалува на доза за одржување: 1 мл 1-2 пати неделно.

Пакување:
60ml