Persen Forte капсули
370.00 ден
Краток опис на производот:
Persen Forte е традиционален хербален лек од растително потекло со благо смирувачко дејство. Cе употребува при умерени состојби на напнатост и немир, предизвикани од стрес и за олеснување на заспивањето.
Детален опис на производот:
Persen Forte е традиционален хербален лек од растително потекло. Содржи комбинација на сув воденоетанолен екстракт од корен на валеријана и сув екстракт од листови на мелиса и нане. Традиционално е познато дека коренот на валеријана и листот на мелиса имаат смирувачко дејство, а листовите на мелиса и нане имаат ублажувачко дејство врз слабите гастроинтестинални тегоби.
Persen Forte традиционално се употребува при умерени состојби на напнатост и немир, предизвикани од стрес и за олеснување на заспивањето.
Употреба
Возрасни и адолесценти над 12 години:
- При состојба на стрес, напнатост и раздразливост се препорачува да се земаат по две капсули два пати на ден.
- За полесно заспивање се препорачува да се зема една капсула половина час до еден час пред спиење.
Капсулите се голтаат со течност (чаша вода), независно од оброците.
- Дејството на Persen Forte се манифестира постепено.
- За да се постигне оптимален терапевтски ефект, потребно е капсулите непрекинато да се земаат најмалку 14 дена.
- Ако состојбата не се подобри или се влоши и по 14 дена од употребата на Persen Forte, потребно е да се консултирате со вашиот лекар.
- Времетраењето на лекувањето не е ограничено.
- По долготрајна употреба на Persen Forte во препорачаните дози не се јавува зависност, ниту апстиненцијални симптоми.
Аптека ЕРИКС препорачува: