Детален опис на производот:
Parusan шампон против опаѓање делува директно против опаѓање на косата и го јакне влакното по целата должина, од коренот до врвовите.
Кај жените вообичаено настапува дифузна алопеција, со рамномерно губење и проретчување на косата на целата површина од скалпот.
Причините за алопеција кај жените се најчесто:
- хормонален дисбаланс во и после бременост
- хормонален дисбаланс во менопауза
- употреба на одредени лекови (антидепресиви, контрацептиви, антихипертензиви)
- одредени патолошки состојби со раст на андрогени хормони (полицистични јајници , нарушена функција на тиреоидната жлезда итн.)
- стрес
- агресивни третмани за коса, фарбање и сл.
Парусан содржи високовредни компоненти:
- АКТИВНА супстанца (AnaGain™) – (Advanced Ingredient Award 2014 –Beyont Beauty Lab- Paris) базирана на екстракт од никулци од грашок, која ја продолжува фазата на раст за сметка на фазата на одмор
- Растителни екстракти од пченица, хмељ, цвет од камилица , невен, босилек
- PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло – поттикнува циркулација во фоликулите на влакното и го забрзува растот на косата
- L-Аргинин – стимулира микроциркулација и подобар трансфер на хранливите материи во фоликулите
- Биотин ( витамин Б7) – поттикнува создавање на кератин
- Витамин Е – антиоксиданс кој ја штити кожата на главата од штетните ефекти на УВ зрачење, ја подобрува циркулацијата и на косата и дава сјај
- Пантенол ( витамин Б5 )
Начин на употреба:
Се нанесува на влажна коса, нежно се масира со врвовите на прстите и се остава да делува 2-3 минути, а потоа се измива со вода.
За секојдневна употреба. Првите резултати се видливи после 3 месеци редовна употреба на Парусан линијата.