OsteoK2 таблети

855.00 ден

Краток опис на производот:

OsteoK2 го чува здравјето на вашите коски и крвни садови така што: ги јакне коските, го спречува создавањето калцификати во крвните садови, ‘рскавицата и меките ткива и ги обезбедува неопходните дози на витамини и калциум.

SKU: 8606004138361

Детален опис на производот:

OsteoK2 Состав:
OsteoK2  е единствена формулација која покрај калциум и витамин D3 содржи MenaQ7TM, патентиран  екстракт од јапонска ферментирана соја Natto, којшто содржи најголема количина на природен витамин К2. Калциумот е минерал неопходен за раст и зацврстување на коските, а витаминот D3 овозможува ресорпција на калциумот од цревата.

Eдна таблета содржи 200 mg калциум, 22.5 µg витамин К2 (MenaQ7TM), 2.5 µg витамин D3 (100 IU)

Фармацевтска форма
Tаблета

Дејство
Улогата на витаминот К2 во одржување на здравјето на коските, но и на крвните садови проучувана е во текот на последните две децении. Познато е и докажано дека витаминот К2  е неопходен за правилно искористување на ресорбираниот калциум и неговото потполно вградување во коските. Витаминот К2 спречува создавање на калцификати во крвните садови, ʼрскавицата и меките ткива, кои во најголема мера настануваат кај лица кои континуирано земаат суплементи со калциум и витамин D3.

Витаминот К2 е неопходен за активација на протеините Osteokalcin и MatrixGla потребни за врзување на калциумот и негово правилно искористување . Доколку овие протеини не се активирани не можат да го врзат калциумот.

OsteoK2 се препорачува на сите лица во средно и старо животно доба, посебно кај жените, за цврсти и здрави коски и здрави крвни садови.

Употреба
Возрасни-препорачан дневен внес е две таблети дневно, таблетите да се проголтаат со чаша вода за време оброк.

Пакување
60 таблети