Oralsept раствор за промивање уста и грло

215.00 ден

Краток опис на производот:

Oralsept раствор го смирува воспалението и го помага зараснувањето на оштетување на слузницата на устата и грлото.

SKU: 5310090014340

Производител

ReplekFarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Оралсепт раствор – Oralsept rastvor од Реплек Фарм

Терапевтски индикации

  • Гингивит, стоматит, парадонтопатија
  • Постоперативен третман на болка и рани во устата
  • Третман на воспаление и рани предизвикани од протетски изработки
  • Локален третман на постекстракциона болка
  • Третман на габични инфекции во усната шуплина (кандидијаза)

Брзо и ефикасно решение за гингивити и парадонтити
Бензидамин хидрохлорид припаѓа во групата на локални нестереоидни антиинфламаторни лекови.

Делува:

  • антиинфламаторно (намалува воспаление и оток)
  • анестетско (ја намалува болката)
  • антимикробно ( ги уништува бактериите)
  • фунгицидно ( ги уништува габите)

Дејствува против причинителите на воспалението (бактерии, вируси и габи), го смирува воспалението и го помага зараснувањето на оштетување на слузницата на устата и грлото.
Локална концентрација на местото на воспаление (нема системска ресорпција, помалку несакани ефекти).

Пријатен вкус, со природен екстракт на пеперминт.

Што го прави поразличен од другите раствори за плакнење на уста?
За разлика од другите раствори за плакнење на уста кои се антисептици и делуваат само антимикробно, бензидамин е топикален НСАИЛ, односно делува и за намалување на воспалението (антиинфламаторно), намалување на болката (анестетско) и ги уништува габичките во усната шуплина.

Пакување:
100 g