Operil спреј за нос за возрасни

260.00 ден

Краток опис на производот:

Оперил 0,5 mg/ml спреј за нос е раствор наменет само за возрасни и за деца над седум години. Оперил содржи оксиметазолин, кој се користи како назален деконгестив. Стеснувајќи ги артериолите, тој ги намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот.

SKU: 5391513951527

Производител

ReplekFarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Operil спреј за нос за возрасни

1 ml раствор содржи:
Оксиметазолин хидрохлорид . . . 0,5 mg (еквивалентен на 0,44 mg оксиметазолин)

Оперил содржи оксиметазолин, кој се користи како назален деконгестив. Стеснувајќи ги артериолите, тој ги намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот. На тој начин се олеснува дишењето преку нос, се отвораат назалните и параназалните празнини (синуси) и Евстахиевата туба и сеублажуваат придружните знаци на настинката. Го скратува времетраењето на обичната настинка за една третина (два дена) кај пациентитенад 12 години.

Оперил почнува да дејствува по неколку минути, а неговото дејство трае до 12 часа.
Оксиметазолин, исто така, има противвоспалително и антиоксидативно дејство.
Оперил имаантивирусно дејство врз одредени вируси кои, главно, предизвикуваат респираторни болести.

Оперил спреј за нос, 0,05% се користи за:

  • ринитис поради обична настинка
  • алергиски ринитис
  • риносинузитис
  • воспаление на средното уво
  • операција (ендоскопска хирургија) во носот за да се намали отокот и крварењето

Предупредувања и мерки на претпазливост:
Оперил не треба да се користи кај деца помлади од 7 години. Треба да се избегнува продолжена или прекумерна употреба на овој лек.

Земање Operil, спреј за нос, 0,05% со храна или пијалоци:
Оперил, спреј за нос, 0,05% може да се користи без оглед на оброците.

Примена во бременост и доење:
Пред да започнете да земате било каков лек, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Не се препорачува употреба на Operil, спреј за нос, 0,05% за време на бременост и доење, освен по препорака на лекар. Доколку забремените за време на терапијата, консултирајте се со вашиот лекар.

Дозирање:
возрасни и деца над 7 год.: 2 – 3 x 1 – 2 капки (0,05%) се капнуваат во секоја ноздрва;деца од 1-7 години: 2 – 3 x 1 – 2 капки (0,025%) се капнуваат во секоја ноздрва;капките да не се употребуваат подолго од 3 дена.