Operil P спреј за нос за деца

260.00 ден

Краток опис на производот:

Operil P спреј за нос за деца содржи оксиметазолин, кој се користи како назален деконгестив. Стеснувајќи ги артериолите, тој ги намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот.

SKU: 5391513951510

Производител

ReplekFarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Operil P спреј за нос за деца – 1 ml раствор содржи: оксиметазолин хидрохлорид . . . 0,25 mg (еквивалентен на 0,22 mg оксиметазолин).

Оперил П содржи оксиметазолин, кој се користи како назален деконгестив. Стеснувајќи ги артериолите, тој ги намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот. На тој начин се олеснува дишењето преку нос, се отвораат назалните и параназалните празнини (синуси) и Евстахиевата туба и се ублажуваат придружните знаци на настинката. Оперил П почнува да дејствува по неколку минути, а неговото дејство трае до 12 часа.

Оксиметазолин, исто така, има противвоспалително и антиоксидативно дејство.
Оперил П има антивирусно дејство врз одредени вируси кои, главно, предизвикуваат респираторни болести.

Оперил спреј за нос, 0,025% се користи за:

  • ринитис поради обична настинка
  • алергиски ринитис
  • риносинузитис
  • воспаление на средното уво
  • операција (ендоскопска хирургија) во носот за да се намали отокот и крварењето

Дозирање:
Деца од 1-7 години: 2 – 3 x 1 – 2 капки (спреј) се капнуваат (распрскуваат) во секоја ноздрва; капките да не се употребуваат подолго од 3 дена.