Детален опис на производот:
Operil капки за нос за возрасни
1 ml раствор содржи:
Оксиметазолин хидрохлорид . . . 0,5 mg (еквивалентен на 0,44 mg оксиметазолин)
Оперил содржи оксиметазолин, кој се користи како назален деконгестив. Стеснувајќи ги артериолите, тој ги намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот. На тој начин се олеснува дишењето преку нос, се отвораат назалните и параназалните празнини (синуси) и Евстахиевата туба и се ублажуваат придружните знаци на настинката. Го скратува времетраењето на обичната настинка за една третина (два дена) кај пациентитенад 12 години.
- Оперил почнува да дејствувапо неколку минути, а неговото дејство трае до 12 часа.
- Оксиметазолин, исто така, има противвоспалително и антиоксидативно дејство.
- Оперил имаантивирусно дејство врз одредени вируси кои, главно, предизвикуваат респираторни болести.
Оперил се користи за:
- акутна кивавица при настинка,
- кивавица поради алергии,
- риносинузитис,
- воспаление на средното уво (otitis media), за подобрување на функцијата на Евстахиевата туба.
Вообичаена доза:
Возрасни и деца над седум години: капнете една до две капки на Оперил 0,5 mg/1 ml во секоја носница два-три пати на ден;главата треба да биде наведната наназад, дишењето нормално.
Максималната дневна доза на Оперил 0,5 mg/1 ml во секоја носница треба да биде две капки три пати дневно.