Omnikum D3 капсули 3000IU
475.00 ден
Краток опис на производот:
Капсулите Omnikum D3 3000IU ја содржат активната супстанција холекалциферол. Холекалциферол е форма на витамин Д кој има важна улога во апсорпцијата и метаболизмот на калциум и неговото вградување во коскеното ткиво.
Детален опис на производот:
Што претставува Omnikum D3 и за што се употребува?
Капсулите Omnikum D3 3000IU ја содржат активната супстанција холекалциферол. Холекалциферол е форма на витамин Д кој има важна улога во апсорпцијата и метаболизмот на калциум и неговото вградување во коскеното ткиво.
Омникум D3 се користи за:
- Превенција на недостаток (дефицит) на витамин Д (ниско ниво на витамин Д во организмот) кај деца на возраст над 6 години, адолесценти и возрасни со утврден висок ризик.
- Терапија на недостаток на витамин Д кај адолесценти и возрасни.
- Дополнителна терапија при остеопороза (болест при која се намалува густината на коската што доведува до зголемување на веројатноста за појава на фрактури) кај возрасни со дефицит на витамин Д или со утврден висок ризик за недостаток на витамин Д.
Активната супстанција холекалциферол е идентична со холекалциферолот што се наоѓа во човековото тело. Тој е присутен во исхраната и се создава во кожата по изложување на сонце. недостаток на витамин Д може да настане ако вашата исхрана или начин на живот не обезбедуваат доволни количини на витамин Д или кога на вашето тело му е потребна поголема количина на витамин Д.
Како да го земате/употребувате Omnikum D3?
Се препорачува употреба на 1 капсула на ден (3000IU) за време на оброк, но при поголем недостаток на витамин Д и во консултација со лекар или фармацевт.
Врз основа на вашите специфични потреби лекарот може да ве советува да земете различна доза од оние опишани погоре. Следете ја препораката на вашиот доктор.
Аптека ЕРИКС препорачува: