Omnikum D3 капсули 1000IU
335.00 ден
Краток опис на производот:
Капсулите Omnikum D3 1000IU ја содржат активната супстанција холекалциферол. Превенција на недостаток (дефицит) на витамин Д (ниско ниво на витамин Д во организмот) кај деца на возраст над 6 години, адолесценти и возрасни со утврден висок ризик.
Детален опис на производот:
Што претставува Omnikum D3 и за што се употребува?
Капсулите Omnikum D3 ја содржат активната супстанција холекалциферол. Холекалциферол е форма на витамин Д кој има важна улога во апсорпцијата и метаболизмот на калциум и неговото вградување во коскеното ткиво.
Омникум D3 се користи за:
- Превенција на недостаток (дефицит) на витамин Д (ниско ниво на витамин Д во организмот) кај деца на возраст над 6 години, адолесценти и возрасни со утврден висок ризик.
- Терапија на недостаток на витамин Д кај адолесценти и возрасни.
- Дополнителна терапија при остеопороза (болест при која се намалува густината на коската што доведува до зголемување на веројатноста за појава на фрактури) кај возрасни со дефицит на витамин Д или со утврден висок ризик за недостаток на витамин Д.
Omnikum D3 е од суштинско значење за правилен развој и за одржување на здрави коски и помага во одржување на здрави заби. Тој ја поддржува соодветната апсорпција на калциум и фосфор, одржувањето на точно ниво на калциум во крвта и учествува во процесот на клеточна делба. Покрај тоа витаминот Д поддржува правилно фунцкионирање на мускулите и имунолошкиот систем.
Како да го земате/употребувате Omnikum D3?
Се препорачува употреба на 1 капсула на ден (1000IU) за време на оброк. Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Врз основа на вашите специфични потреби лекарот може да ве советува да земете различна доза од оние опишани погоре. Следете ја препораката на вашиот доктор.
Аптека ЕРИКС препорачува: