Olynth HA спреј за нос

300.00 ден

Краток опис на производот:

Olynth HA Nasal Spray Спреј за нос, раствор со 1 мг/мл ксилометазолин се користи за олеснување на симптомите кај затнат нос, погоден за возрасни и деца над 12 години и може да се користи најмногу 3-5 дена континуирано.

SKU: 8606102804922

Детален опис на производот:

Olynth HA Nasal Spray Спреј за нос, раствор со 1 мг/мл ксилометазолин.

  • За олеснување на симптомите кај затнат нос
  • За возрасни и деца над 12 години
  • Може да се користи најмногу 3-5 дена континуирано

Состав:
Активни супстанции: ксилометазолин хидрохлорид. 1 мл раствор содржи 1 мг/мл ксилометазолин хидрохлорид. Не содржи конзерванси.

Останати состојки: натриум хијалуронат, натриум хлорид, натриум дихидроген фосфат дихидрат, динатриум фосфат дихидрат, сорбитол, глицерол, вода – прочистена.

Содржи активна супстанција ксилометазолин која спаѓа во група на лекови наречени симпатомиметици. Ксилометазолин ги стеснува крвните садови а со тоа го намалува отокот на носната слузница. Не содржи конзерванси.

Се применува за олеснување на симптомите на назална конгестија предизвикана од

  • Воспаление на носната слузокожа (хроничен и алергиски ринитис, како и поленска треска)
  • Синузитис – воспаление на мукозата на синусите

Olynth HA 1 мг/1мл спрејот за нос, исто така содржи и хијалуронска киселина (во облик на натриум хијалуронат) која ја штити и влажни слузокожата на носот.

Употреба:
Пред да го користите спрејот, издувајте го носот. Доколку не е поинаку пропишано од лекар, на возрасни и деца на возраст над 12 години се аплицира до 3 пати на ден по една доза назален спреј во секоја ноздра. Лекот не е наменет за деца под 12 години. Не користете Olynth HA, 1 мг/мл, назален спреј повеќе од 3-5 дена, освен доколку Вашиот лекар не ви каже поинаку.

Од хигиенски причини и за да се спречи ширење на инфекции, едно пакување спреј треба да се користи само за 1 лице.

Мерки на претпазливот:
Внимателно прочитајте го упатството пред да започнете со употреба на овој лек, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас. Секогаш употребувајте го овој лек точно како што е наведено во ова упатство или како што ви е објаснето од Вашиот лекар или фармацевт. Не ја надминувајте препорачаната доза и времетраењето на апликацијата! Доколку заборавите да го нанесете лекот Olynth спреј за нос, никогаш не земајте двојна доза за да го надоместите прескокнувањето на лекот туку продолжете со третманот како што е опишано во упатствата за дозирање.

Доколку имате дополнителни прашања или ви треба совет, прашајте го Вашиот фармацевт. Доколку добиете какви било несакани ефекти, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт. Доколку не се чувствувате подобро па дури и полошо по 3-5 дена, мора да се консултирате со Вашиот лекар. Кажете му на Вашиот лекар доколку земате други лекови, имате хронично заболување, имате метаболичко нарушување, преосетливи сте на лекови или сте имале алергиски реакции на некои од нив.

Olynth 1 мг/мл назален спреј не треба да се користи:

  • Доколку сте алергични (преосетливи) на активната супстанција ксилометазолин или на која било од другите состојки на овој лек
  • Доколку имате суво воспаление на носната слузница со формирање краста (rhinitis sicca)
  • По неврохируршки интервенции низ носната празнина (трансфеноидна хипофисектомија)
  • Други операции во кои е изложена цврстата мозочна обвивка (дура матер)
  • Не смеете да го употребувате овој лек со лекови кои го намалуваат крвниот притисок (пример метилдопа), поради можното вазопресорно дејство на ксилометазолинот (т.е. ефект на зголемување на крвниот притисок). Исто така може да се појават сложени интеракции со алфа и бета-блокатори, предизвикувајќи низок крвен притисок или висок крвен притисок и забрзан пулс (тахикардија) или забавен пулс (брадикардија)

Пациентите со глауком, особено глауком со затворен агол, треба да се консултираат со лекар пред да користат лекови за кивавица со ксилометазолин.

Olynth назален спреј треба да се користи само по внимателна евалуација на придобивките и ризиците кај пациентите:

  • Третирани со инхибитори на моноамин оксидаза (МАО инхибитори, на пр. транилципромин и моклобемид кои се користат во третман на депресија), трициклични или тетрациклични антидепресиви и и други лекови кои можат да го зголемат крвниот притисок и може да предизвикаат зголемување на крвниот притисок поради ефекти врз срцето и циркулацијата на крвта
  • Пациенти кои користат лекови од групата на бета-блокатори или алфа-блокатори (најчесто се користат за намалување на крвниот притисок и при третман на бенигно зголемување на простатата)
  • Пациенти со зголемен интраокуларен притисок, особено кај глауком со затворен агол
  • Пациенти со тешки кардиоваскуларни заболувања (на пр. синдром на долг QT интервал, заболувања на крвните садови на срцето, хипертензија)
  • Пациенти со тумор на надбубрежните жлезди (феохромоцитом)
  • Пациенти со порфирија (метаболичко нарушување што влијае на кожата и/или централниот нервен систем)
  • Пациенти со зголемување на простатата
  • Пациенти со метаболички нарушувања (на пр. зголемена функција на тироидната жлезда, дијабетес)

Треба да се избегнува долготрајна употреба и повисоки дози од препорачаните, особено кај децата.

Долготрајната употреба и предозирање со овој лек може да доведе до отекување на носната слузница. Повратниот ефект може да доведе до ограничен проток на воздух низ дишните патишта, што доведува до тоа пациентите повторно да го користат лекот, па дури и постојано без прекин. Ова дополнително може да доведе до хроничен оток (медикаментозен ринитис), па дури и до атрофија на носната слузница (озена). Во поблаги случаи, може да се размислува за прекин на лекот прво во едната ноздра, а по исчезнувањето на симптомите, во другата ноздра, со цел да се одржи барем делумно назалното дишење.

Доколку сте бремени или доите, мислите дека можеби сте бремена или планирате да имате бебе, прашајте го Вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек. Olynth назален спреј не треба да се користи за време на бременоста, бидејќи нема доволно податоци за неговата употреба кај трудници и не треба да се користи за време на доењето, бидејќи не е познато дали активната супстанција ксилометазолин се излачува во мајчиното млеко.

Чувајте го лекот подалеку од дофат на деца. Да се чува на температура под 25°С. Рок на употреба по првото отворање: 12 месеци, а најдоцна до истекот на рокот на употреба на лекот.

Пакување:
10 мл.