NUTRIBEN A.R. Адаптирано млеко

1,540.00 ден

Краток опис на производот:

NUTRIBEN A.R е специфична млечна формула прилагодена за исхрана на доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната (бљуцкање) или регургитација, од самото раѓање.

SKU: nutriben-ar-adaptirano

Детален опис на производот:

Nutribén A.R. е специфична млечна формула прилагодена за исхрана на доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната (бљуцкање) или регургитација, од самото раѓање.

Содржи:
GOS,Нуклеотиди, АА и DHA. Нутрибен A.R. е комплетен производ кој што е наменет специјално за исхрана на доенчињата кои имаат проблеми со регургитација и/или гастроезофагеален рефлукс, благодарение на присуството на смола од семето на рогачот кое има неколку функции со цел да го елиминира рефлуксот. Смолата од семето на рогачот е вегетациона галактоманана смола.

Галактоманана е вид на сахарид (еден вид шеќер) кој се користи за одржување на свежината на храната зголемување на густината и вискозитетот на храната. Употребата на оваа смола во специфичните млечни формули за доенчиња во Европа датира од 1950-тите, каде главно се користи за дигестивните проблеми кај доенчињата.
Сигурноста на смолата ја прави широко распространета и користна.До враќање на храната доаѓа поради недоволно развиен сфинктер (мускул) на преодот од хранопровод во желудник. Во случаеви на несоодветен развој на дигестивниот тракт, подолго седење во лежечка состојба, консумирање за подолго време на течна храна, составот на храната од желудникот се враќа назад во грлото (езофаг).

Враќање на храната (бљуцкање) или регургитација е чест проблем кај доенчињата во првата година од животот кој се манифестира како неволно враќање на мајчиното млеко или млечната формула од желудникот во хранопроводот. Вообичаено се јавува веднаш или набрзо после оброкот (при подигнување), а поретко за време на спиење. Првите знаци на рефлукс се појавуваат во првите 3 недели до 1 година од животот. Ако доенчето има рефлукс (повраќање на мало количество на храна) повеќе од два пати дневно во времетраење од неколку месеци и не покажува знаци од болестите како: повраќање во големи количества, болки во стомакот или губење на телесната тежина, тогаш се констатира дека се работи за Рефлукс. Оваа состојба својот максимум го достигнува во периодот од 4-6 месеци од животот на доенчето и се повлекува во тек на првата година од животот.

Кај доенчињата кои имаат проблем со враќање на храната се препорачува употреба на специјална млечна формула за доенчиња Нутрибен А.Р.  Нутрибен A.R. е производ кај кој:

  • Млекото е со повисока густина со што се намалува ризикот од езофагеален рефлукс
  • Смолата од семето на рогачот продолжува да се згусти во желудникот (по густа храна потешко се враќа назад во грлото (езофаг) во споредба со течна храна)
  • Семето на рогачот има хранливи влакна кои имаат пребиотичен ефект кон флората на цревата
  • Млекото се згуснува дури во желудникот, а не во шише, што овозможува непречено хранење на доенчето кога е приготвена млечната формула. Млекото има ниска протеинска вредност со што се намалува ризикот од преоптоварување на бубрезите. Односот Казеин/Алфа ЛактоАлбумин во Нутринеал млекото А.Р. е слично со мајчиното млеко. Високото количество на Нуклеотиди и есенциални масни киселини помага во нормалниот развој на нервниот систем и дигестивниот тракт како и во намалувањето на воспаненија во телото. Содржи Олигосахариди кои помагаат во регулирање на варењето и правилната ферментација на храната а користи и како Пребиотик (храна за Пробиотици) Млекото со специфична формула е богато со Витамини и Есенциални Минерали потребни за нормален развој на телото на доенчето

Достапно во паковање како:
Nutribén A.R. 1 800гр
Nutribén A.R. 2 800гр