NutraGen Collagen раствор
2,720.00 ден
Краток опис на производот:
NutraGen Collagen растворот е додаток на исхрана со хидролизиран колаген тип, хијалуронска киселина, витамини и минерали.
Детален опис на производот:
NutraGen Collagen 500 ml – Течен колаген за пиење, со вкус на цреша.
Додаток на исхрана со хидролизиран колаген тип I, хијалуронска киселина, витамини и минерали.
Придонесува за:
Одржување на нормално сврзно ткиво, коски и мускули; намалување на замор и исцрпеност; нормално создавање на колаген; нормална функција на имунолошкиот систем; заштита на клетките од оксидативен стрес; нормално функционирање на когнитивната, психолошката и функцијата на нервниот систем; одржување на нормална кожа, слузокожа, нокти и коса; одржување на здрави заби, непца, коски и `рскавици.
Содржина во доза од 30 ml
- Колаген Peptan™ (хидролизиран колаген тип I од риба вид Tilapia) 10000 mg
- Хијалуронска киселина 50 mg
- Витамин Ц 80 mg
- Витамин А 800 μg – РД
- Витамин Д3 5 μg
- Витамин Б2 1,6 mg
- Витамин Б3 16 mg – NE
- Витамин Б5 4 mg
- Витамин Б6 1,4 mg
- Витамин Б7 50 μg
- Цинк 10 mg
- Бакар 500 μg
Содржи засладувачи. Производот не содржи сол, квасец, пченица, соја, глутен и млечни производи. Содржи рибин производ.
Начин на употреба:
Еднаш дневно по една доза од 30 ml, на празен желудник, препорачливо е да се зема навечер пред спиење. Може да се зема нерастворено или растворено во половина чаша со вода. Да не се надминува дневната доза. Да се чува на собна температура (15-20°С), на суво и ладно место, заштитено од сончева светлина. Да се протресе добро пред употреба. После отворање да се чува во ладилник (2-8°С) и да се консумира во рок од еден месец. Да се чува на места недостапни за деца. Производот е наменет за возрасни.
Доколку сте бремена, доите, земате лекови или имате било каква медицинска состојба Ве молиме консултирајте се со здравствено лице пред да го земете овој производ.
Додатокот на исхрана не треба да се употребува како замена за разновидна и избалансирана исхрана.
Аптека ЕРИКС препорачува: