NEURO-VIT таблети
310.00 ден
310.00 ден
Детален опис на производот:
НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети се комбинација на витамините Б1, Б6 и Б12. neuro-vit
Се употребуваат како дополнителна терапија за невритис и невралгија (невропатии), како на пример: тригеминална невралгија, интеркостална невралгија, ишиалгија, лумбален синдром, цервикален синдром, синдром рамо-рака, радикуларен невритис кој се должи на дегенеративна болест на ‘рбетниот столб, фацијална парализа.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
СОСТАВ
1 филм-обложена таблета содржи 100 mg тиамин хидрохлорид, 200 mg пиридоксин хидрохлорид и 0.2 mg цијанокобаламин.
КОНТРАИНДИКАЦИИ
НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не треба да се употребуваат кај пациенти преосетливи на некоја од активните супстанции или на било која помошна состојка на лекот. Поради високата содржина на активните супстанции, НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не се соодветни за примена кај деца (на возраст до 12 години).
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 30 филм-обложени таблети од (100 mg+200 mg+0.2 mg) (3 блистера со по 10 филм-обложени таблети).
Аптека ЕРИКС препорачува: