Nerilex шампон против опаѓање на коса
250.00 ден
Краток опис на производот:
Nerilex Anti Hair Loss Шампон против опаѓање на косата.
Nerilex шампонот против опаѓање на косата содржи активни материи за миење кои темелно го чистат коренот на косата и скалпот, имаат корисен ефект врз спречувањето на предвремено опаѓање и истенчување на косата, а истовремено повторно го активираат коренот на косата и го стимулираат нејзиниот раст.
Ефектот на реактивирање се постигнува постепено со редовна и систематска примена на шампонот.
Шампонот за коса Nerilex има пријатен мирис, pH вредноста е оптимално прилагодена на кожата (pH = 5,5), може редовно да се користи за нега на коса. Се применува два до три пати неделно, и почесто ако е потребно.
- Амино киселините и есенцијалните масни киселини (витамин Ф), значително ја подобруваат исхраната, заштитата и здравјето на косата
- Цинк пиритион има антибактериско, антифунгално и антисебороично дејство, отстранува и спречува формирање на нов првут
- Биосулфурот има антибактериско и антиинфламаторно дејство врз проблематичната кожа и спречува појава на себороични феномени
- Комплексот капрично-каприлна киселина раствора зацврстен себум во порите на фоликулите на косата
- Бисаболол ја смирува кожата и спречува чешање
- Алантоин е природна заштита од чешање и воспалителни процеси, особено на чувствителен и лесно иритиран скалп
- Ментолот веднаш го освежува скалпот, спречува чешање, сувост и крутост на косата
Детален опис на производот и употреба:
Nerilex Шампон против опаѓање на коса
Состав:
Aqua, Sodium Laureth Sulfate, Glycol Distearate, Cocamide Mea, Laureth-10, Lauramine Oxide, Sodium Chloride, Carbomer, Piroctone Olamine, Sodium Benzoate, Parfum, Salicylic Acid, Citric Acid, Linoleic Acid, Linolenic Acid, Sorbic Acid, Caprylic/capric Triglyceride, Sodium Hydroxide, Methionine, Peg-30 Castor Oil, Sulfur, Allantoin, Bisabolol, Menthol, Hexyl Cinnamal, Citronellol, Limonene, Alpha Isomethyl Ionone.
Употреба:
Добро промучкајте пред употреба. Намокрете ја косата со млака вода и нанесете од шампонот. Масирајте ја косата и скалпот, потоа нежно исплакнете. Повторно нанесете шампон, направете пена, оставете да делува 3-4 минути и исплакнете.
Шампонот користете го два пати неделно. Наменет е за сите типови коса.
Не смеете да го употребувате за деца под 3 години. Избегнувајте контакт со очите. Доколку шампонот дојде во контакт со очите, темелно исплакнете со вода.
Пакување:
200ml