Nazopass капки за деца

175.00 ден

Краток опис на производот:

Nazopass капки за деца содржи оксиметазолин хидрохлорид, кој се користи како назален деконгестив. Стеснувајќи ги артериолите, тој го намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот.

SKU: 5310001230838

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Nazopass капки за деца Состав:
0,25 mg/ml оксиметазолин хидрохлорид

Фармацевтска форма:
Капки за нос, раствор за деца

Дејство:
Лекот Назопас содржи оксиметазолин хидрохлорид, кој се користи како назален деконгестив. Стеснувајќи ги артериолите, тој го намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот. На тој начин, се олеснува дишењето преку носот и се ублажуваат придружните знаци на настинката. Оксиметазолинот поседува и противвоспалително и антиоксидативно дејство, како и антивирусно дејство врз одредени вируси, кои главно предизвикуваат респираторни болести.

Индикации :
Капките за нос Назопас, наменети за деца, се употребуваат при:

  • Акутна кивавица

  • Кивавица поради алергии

  • Риносинуситис

  • Воспаление на средното уво (otitis media) – за подобрување на функцијата на Евстахиевата туба

Пакување :
Кутија со шишенце со 10 ml раствор и упатство за пациентот.