MUSTELA шампон за коса

770.00 ден

Краток опис на производот:

MUSTELA шампон за коса – Нежната бебешка коса, уште од првото капење, го заслужува оној шампон што е најдобар за неа. Благодарение на посебната формула, овој шампон нежно ја чисти косата и не дозволува да се заплеткува.

SKU: 3504105036133

Бренд

Mustela Logo

Детален опис на производот и употреба:

MUSTELA шампон за коса / Mustela шампон за бебе

Посебно формулиран за употреба од рaѓање, Mustela Baby шампонот е идеален за чистење на нежната и осетлива бебешка коса. Ја остава косата совршено чиста, благодарение на ултра нежното делување, се прилагодува на осетливите бебешки влакна, лесно се измива и го олеснува расчешлувањето на косата. Ултра нежната формула не ги иритира очите. Благодарение на новата формула, збогатена со состојката Avocado Perseose® патентирана состојка од природно потекло. Baby шампонот ја зајакнува кожната бариера и ја штити силата на нејзините матични клетки.
93% од состојките се од природно потекло. Главни состојки од природно потекло: Avocado Perseose”: патентирана природна состојка која ја зајакнува природната бариера и ја штити силата на нејзините матични клетки. Екстракт од камилица за нежно чистење. Биоразградлива формула.

Начин на употреба:
навлажнете ја косата на бебето со млака вода. Нанесете мала количина од шампонот на косата, напенете и потоа нежно исплакнете. Mustela Baby шампонот може да се користи од првиот ден.

Не содржи парабени, фталати, феноксиетанол. Висока толеранција, хипоалергена формула. Дерматолошки тестиран под педијатриски надзор Формулацијата е безбедна и за за потполна сигурност. предвремено родени бебиња.
За надворешна употреба.

Пакување:
500ml.

Аптека ЕРИКС препорачува: