Детален опис на производот:
Трислојните таблети MULTI ESSENCE Витамини и минерали за возрасни, ја обезбедуваат потребната количина витамини и минерали, со цел да се задоволат зголемените потреби на организмот.
- Витаминот Ц, Б1, Б2, Б6, Б12, ниацинот, пантотенската киселина, биотинот, калциумот, магнезиумот, железото, манганот, бакарот и јодот придонесуваат за нормално искористување на енергијата.
- Витаминот Ц, Б2, Б6, Б12, ниацинот, пантотенската киселина, фолната киселина, магнезиумот и железото придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
- Витаминот Ц, Б1, Б2, Б6, Б12, ниацинот, биотинот, магнезиумот, бакарот и јодот придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем.
- Витаминот Ц, Б1, Б6, Б12, ниацинот, фолната киселина, биотинот и магнезиумот придонесуваат за нормална психолошка функција.
- Железото, јодот и цинкот придонесуваат за нормална когнитивна функција.
- Витаминот Ц, А, Д, Б6, Б12, фолната киселина, железото, цинкот, бакарот и селенот придонесуваат за нормална функција на имуниот систем.
- Витаминот Ц, витаминот Е, витаминот Б2, цинкот, манганот, бакарот и селенот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
- Витаминот А, витаминот Б2, ниацинот и биотинот придонесуваат за одржување нормални кожа и мукозни мембрани, додека биотинот, цинкот и селенот придонесуваат за одржување нормална коса.
- Витаминот К, витаминот Д, калциумот, магнезиумот, цинкот и манганот придонесуваат за одржување нормални коски.
- Витаминот Д, калциумот и магнезиумот придонесуваат за одржување нормална мускулна функција и нормални заби.
- Цинкот и селенот придонесуваат за одржување нормални нокти.
- Витаминот А, витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид.
- Витаминот Д, витаминот Б12, фолната киселина, магнезиумот, железото и цинкот играат улога во процесот на клеточна делба.
- Јодот и селенот придонесуваат за нормална тироидна функција.
- Витаминот Б6, витаминот Б12 и железото придонесуваат за нормално создавање црвени крвни клетки.
- Витаминот Ц дополнително придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавицата, непцата, забите и на кожата. Исто така, ја зголемува апсорпцијата на железо.
- Хромот придонесува за одржување нормални нивоа на гликоза во крвта.
Употреба
MULTI ESSENCE Витамини и минерали за возрасни, како додаток во исхраната, ги задоволуваат зголемените потреби од внесување витамини и минерали кај возрасните.
Дозирање и начин на примена
Една таблета дневно да се проголта со малку течност.
Пакување
30 таблети