Multi B complex таблети
195.00 ден
Детален опис на производот:
Multi B-complex таблетите ги подобруваат метаболичките функции во организмот и го поттикнуваат растот и квалитетот на косата, ноктите и кожата.
Мулти Б комплекс има усогласени дози на витамини од групата Б за да обезбедат идеални дневни количини на витамини потребни за квалитетно и оптимално функционирање на организмот.
Губење на витамин Б од телото
Витамините од групата Б се лачат од организмот на дневна основа, а различните фактори како што се стресот, алкохолот и различните диети дополнително ја забрзуваат нивната загуба. Поради се’ ова, витамини од групата Б мора редовно да се земаат, а доколку исхраната не покрива доволна дневна доза, тогаш е потребно организмот да се снабдува преку суплементација.
Кои витамини спаѓаат во групата Б?
Витамините Б комплекс се неопходни за раст и развој, бидејќи тие учествуваат во активирање на ензими кои влијаат на мускулниот, нервниот и кардиоваскуларниот систем.
Секој витамин од групата Б има позитивно влијание врз организмот.
Мулти Б комплекс е целосна формула на сите осум есенцијални витамини растворливи во вода на Б комплекс.
- Тиамин – витамин Б1: учествува во создавање на енергија неопходна за работата на органите, особено на мозокот. Важен е за метаболизмот на јаглени хидрати, протеини и масти и помага во одржување на нормалното функционирање на централниот нервен систем.
- Рибофлавин – витамин Б2: како интегрална компонента на коензимите, учествува во биолошка оксидација на храната и ослободување на енергија.
- Пантотенска киселина – витамин Б5: учествува во создавање на енергија од масти и јаглехидрати. Има структурна улога во коензимот А, преку кој учествува во многу метаболички процеси, вклучувајќи го и катаболизмот на јаглехидрати, масти и протеини.
- Ниацин – витамин Б3: освен што создава енергија, има и антиоксидативно дејство. Присутен е во сите клетки и ткива како дел од два коензими (NAD и NADP) и игра важна улога во процесот на производство на енергија, гликолиза и метаболизам на јаглехидрати и протеини, синтеза на масни киселини и намалување на холестеролот и масните киселини во крвта.
- Пиридоксин – витамин Б6: учествува во разградувањето на протеините и во одржување на еритроцитите, нервниот и имунолошкиот систем. Важен е во метаболизмот на протеините и аминокиселините и потребата на организмот за овој витамин расте со зголемен внес на протеини. Исто така, учествува во производството на антитела.
- Фолна киселина – витамин Б9: учествува во правилна клеточна делба, синтеза на ДНК и производство на невротрансмитери. Игра важна улога во развојот на нервниот систем на фетусот. Учествува во синтезата на ДНК и РНК, аминокиселини, во растот и развојот. Недостаток на фолна киселина се манифестира како макроцитна и мегалобластна анемија.
- Кобаламин – витамин Б12: заедно со фолната киселина, учествува во изградба на нормални нервни клетки, синтеза на ДНК и спречува развој на анемија. Овој витамин е важен за раст на нови клетки, развој на нервно ткиво, метаболизам на фолати, синтеза на ДНК и производство на енергија.
- За витамин Б12, препорачаната дневна доза е 2,5 микрограми, а максималната дозволена количина во дневната доза на секој додаток на витамин Б е 1000. Содржината на витамин Б12 во препорачаната дневна доза од 1 таблета од нашиот производ Мулти Б комплекс е 10 микрограми што претставува дури 400% препорача дневна доза за овој важен витамин.
- Биотин – витамин Б7: помага да се изградат масти и протеини што се користат во организмот. Оваа група на витамини Б е неопходна за процесите на катаболизам на глукозата и масните киселини, деаминација на аминокиселините.
Се препорачува примена на Мулти Б комплекс таблетите како додатен извор на витамините на Б комплекс.
Витамините Б комплекс се потребни:
- За правилен раст и развој
- За подобар метаболизам
- За анемија предизвикана од недостаток на витамините Б12 и/или Б9
- Стари лица
- За правилна функција на нервниот систем
- При голем стрес, психофизички напор или хроничен умор
- Вегетаријанци
- За подобрување на апетитот
- Пушачи и лица кои конзумираат алкохол
- За здрави коски, нокти и кожа
- За зајакнување на имунитетот
Начин на употреба:
Се препорачува конзумирање на 1 таблета дневно, во утринските часови
Состав на производот 1 таблета:
- Витамин Б3 (никотинамид) 25мг
- Витамин Б5 (калциум-Д-пантотенат) 5 мг
- Витамин Б2 (рибофлавин) 3,4 мг
- Витамин Б1 (тиамин-хидрохлорид) 3 мг
- Витамин Б6 (пиридоксин-хидрохлорид) 2 мг
- Витамин Б9 (птероилмоноглутаминска киселина) 400 мг
- Витамин Б7 (Д-биотин) 300 мг
- Витамин Б12 (цијанокобалмин) 10 мг
Пакување:
50 таблети
Аптека ЕРИКС препорачува: