Marisol fresh спреј

330.00 ден

Краток опис на производот:

Marisol fresh спрејот најчесто се користи при затнат нос, при акутни воспаленија на носната шуплина како и за секојдневна носна хигиена .

SKU: marisol-fresh

Детален опис на производот:

Marisol fresh спреј раствор за нос е раствор од морска сол, збогатен со етерско масло од еукалиптус. Наменет е за оние лица кај кои е отежната правилната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина.

Marisol fresh спреј растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Ја подобрува проодноста и го олеснува циркулирањето на воздухот низ горните дишни патишта, а тоа е особено корисно при настинка, грип, како и кај проблемите со синуси.

Растворот е збогатен со етерично масло од еукалиптус кое дејствува антисептично, го ублажува отокот на носната слузокожа и помага при инфекции на горните дишни патишта.

Употреба:

  • кај лица со непроодни дишни патишта
  • вирусни настинки и кивавици од алергиско потекло (алергиски ринитис)
  • за секојдевна носна хигиена
  • кај затнат нос
  • кај воспаление на синусите (хроничен синузитис)
  • кај сува и надразнета слузокожа, чија нормална физиолошка функција е пореметена
  • кај акутно воспаление на носната слузница
  • кај лица склони кон сушење на слузокожата на дишните патишта, особено во текот на патувања или престој во простории со централно греење и клима уреди

Се користи неколку пати на ден со по едно прскање во двете ноздри.