Magnesium Citrate таблети
1,300.00 ден
Детален опис на производот:
(Magnesium Citrate) Магнезиумот цитрат е минерал кој е од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Тој е задолжителен кофактор за околу 300 ензими. Меѓу реакциите катализирани од овие ензими се синтезата на масни киселини, синтезата на протеини и метаболизмот на гликозата. Статусот на магнезиум исто така е важен за регулирање на рамнотежата на калциум преку нејзините ефекти врз паратироидната жлезда.
Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната.
Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во организмот. Околу 50 % од вкупниот магнезиум во организмот се наоѓа во коските. Другата половина се наоѓа претежно во клетките на ткивата и органите, со само 1 % кој се наоѓа во крвта.
Magnesium Citrate е важен за одржување на здрави крвни садови, за производство на енергија и одржувањето на здрава функција на нервите и мускулите.
- Поддршка на нерниот систем
- Поддршка на производството на енергија
- Неопходен за ензимските функции
- Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО. Кошер
Состав Количина во 1 доза:
2 таблети – Магнезиум (од Магнезиум Цитрат) 400 mg, 100% на дневни вредности
Препорака за употреба:
Како додаток во исхраната земете 2 таблети дневно со храна.
Други додатоци:
целулоза, стеаринска киселина (растителен извор), Croscarmellose натриум, магнезиум стеарат (растителен извор) и растителна обвивка. Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.
Предупредување:
Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
Аптека ЕРИКС препорачува: