LUPOCET Trio ќеси за настинка и грип
380.00 ден
Детален опис на производот и употреба:
LUPOCET Trio ќеси за настинка и грип
Лупоцет Трио 1000 мг/200 мг/12,2 мг прашокот за перорален раствор е лек што се користи за краткорочно ублажување на симптомите на настинка, треска и грип. Овие симптоми вклучуваат блага до умерена болка, температура, назална конгестија (затнат нос) и продуктивна кашлица.
Лупоцет Трио содржи три активни супстанции:
- Парацетамолот е лек против болка (аналгетик) и зголемена температура (ја намалува температурата кога имате температура)
- Фенилефрин хлоридот е деконгестив на слузницата во носот. Помага при затнат нос и овозможува полесно дишење така што го намалува отокот на носните патишта
- Гваифензинот е експекторанс кој ја раствора слузта (шлајмот) и на тој начин ја ублажува влажната, продуктивна кашлица
Лупоцет Трио прашокот за перорален раствор не се користи кај пациенти чија телесна тежина е помала од 50 кг.
Состав:
Секоја поединечна ќесичка содржи 1000 мг парацетамол, 200 мг гваифенезин и 12,2 мг фенилефрин хидрохлорид (што одговара на 10 мг фенилефрин база).
Дозирање:
Препорачана доза за возрасни, постари пациенти и адолесценти на возраст од 16 години и постари чија телесна тежина е 50 кг или повеќе:
- Земете 1 ќесичка на секои 4 до 6 часа, по потреба
- Вкупната дневна доза не смее да надмине 3 ќесички во текот на 24 часа (1 ќесичка 3 пати на ден)
- Минимален интервал на дозирање: 4 часа.
Времетраењето на терапијата не треба да биде подолго од 3 дена.
Начин на употреба:
За употреба преку уста. Растворете ја содржината на една ќесичка во чаша топла, но не зовриена вода (250 мл). Мешајте додека не се раствори. Почекајте растворот да се излади, но пијте го додека е уште топол. По растворањето, течноста станува опалесцентен жолт раствор со карактеристичен мирис на цитрус/ментол, без видливи честички.
Мерки на претпазливост:
Препорачаната доза не смее да се надмине. Да се чува на температура под 30°C. Да се чува надвор од дофат на деца.
Пакување:
10 поединечни дозни ќесички.