LINEX Forte капсули

330.00 ден

Краток опис на производот:

LINEX Forte капсулите се користат за превенција и дополнително лекување на пролив, метеоризам (надуеност) и други стомачни пореметувања, кои настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора.

SKU: 3838957055982

Производител

Lek Ljubljana logo

Детален опис на производот и употреба:

LINEX Forte е пробиотик што значи дека содржи микроорганизми кои во соодветни количини се корисни за здравјето. Линекс Форте содржи два вида на лиофилизирани млечно-киселински бактерии (Lactobacillus acidophilus, CHR.HANSEN LA-5TM и Bifidobacterium animalis subsp. Lactis, CHR.HANSEN BB-12TM во однос 1:1), кои се вклучени во воспоставувањето и одржувањето на рамнотежата и функцијата на цревната микрофлора.

CHR.HANSEN BB-12TM и CHR.HANSEN LA-5TM се трговски марки на Chr. Hansen A/S. CFU e број на лиофилизирани млечно киселински бактерии во една капсула.

Млечно-киселинските бактерии се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат кисело-базната рамнотежа која е неопходна за нормална работа на ензимите за варење на храната, имунолошкиот систем и перисталтиката на цревата. Дополнително го спречуваат прекумерниот раст на штетните бактерии.

Бактериите во Линекс Форте капсулите се лиофилизирани (т.е исушени на ниска температура). Поради тоа, чувањето на собна температура е можно без промена на формата и активноста на бактериите.

LINEX Forte капсулите се користат за превенција и дополнително лекување на пролив, метеоризам (надуеност) и други стомачни пореметувања, кои настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора.

Такви состојби се:

  • бактериски и вирусни желудечноцревни инфекции кај новороденчиња, деца и возрасни (на пр. ротавирус инфекции, пролив кој се јавува при патување)
  • лекување со антимикробни лекови (антибиотици и други синтетски антимикробни лекови)
  • зрачење на абдоминалните и карличните органи

Употребата на пробиотици или млечно-киселински бактерии ефективно ја намалува честотата и сериозноста на благите до умерени дигестивни симптоми (главно пролив), кои настануваат поради нарушување на нормалната цревна микрофлора и ја одржува нормалната цревна перисталтика.