Jabolkov Ocet + C  капсули

240.00 ден

Краток опис на производот:

Jabolkov ocet + C  капсулите се препорачуува кај  лицата на редуктивни диети, За забрзување на метаболизмот, за регулирање на нивото на мастите во крвта, со цел да се изврши детоксикација на организмот, за намалување на заморот и исцрпеноста како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

Нема на залиха

ИЗВЕСТУВАЊЕ: За жал овој производ го немаме на залиха, една од причините е неможноста да биде нарачан од сите релевантни веледрогерии во Македонија. Погледнете што препорачува аптека ЕРИКС како замена и/или поврзани/слични производи.
За повеќе информаци околу достапноста ве молиме контактирајте со нас.

SKU: 8606102846038

Бренд

MaxMedica logo

Детален опис на производот:

Кога се порепрачува употребува на капсулите Jabolkov ocet + C капсулите од MaxMedica?
Се препорачува употреба на капсулите Јаболков оцет + Ц:

  • Кај лица на редуктивни диети
  • За забрзување на метаболизмот
  • За регулирање на нивото на мастите во крвта
  • Со цел да се изврши детоксикација на организмот
  • За намалување на заморот и исцрпеноста
  • За нормално функционирање на имунолошкиот систем

Се препорачува земање на 1 капсула, 3 пати дневно.

За што е наменет MaxMedica Јаболков оцет + Ц?
Капсулите ја помагаат работата на органите за варење и детоксикацијата на организмот. Проблеми со крвните садови, таложење на маснотии, холестерол, самодоверба, замор… ако не реагираме на време, дури и навидум лесните симптоми можат да се влошат и да доведат до посериозни компликации.

Јаболковиот оцет + Ц ќе ви помогне да ја вратите енергијата ако сте анемични бидејќи го надоместува железото, што подобро се користи во присуство на витамин Ц, а го намалува и крвниот притисок.

Содржи и природни бои (флавоноиди) што се антиоксиданти и го намалуваат оксидативниот стрес, што значи дека ве штити од кардиоваскуларни и малигни заболувања. Јаболковиот оцет е и природен согорувач на маснотии и затоа помага и во регулирање на телесната тежина.

Широкиот спектар на ефекти на јаболков оцет врз телото вклучува, меѓу другото:

  • подобрување на работата на дигестивниот тракт
  • антисептичко дејство
  • стимулација на метаболизамот
  • позитивни ефекти врз скелетот, кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем
  • ублажување на симптомите на стрес и намалување на напнатоста

Јаболковиот оцет е богат со олигоминерали, особено железо, заедно со витамин Ц, му ги обезбедува на организмот потребните минерали за правилно ензимско-хормонално работење и функционирање на имунолошкиот систем.

Пакување:
30 капсули

Што претставува јаболковиот оцет?
Јаболковиот оцет е еден вид оцет создаден со ферментација на сок од јаболко.

За време на овој процес во две фази, шеќерот со сок од јаболко се распаѓа во првиот чекор со помош на бактерии и квасец до алкохол, а потоа се конвертира во оцет од бактериите кои настанале при ферментација.

Јаболковиот оцет содржи ацетатна – оцетна киселина (како и другите видови оцет), како и одредена мала количина млечна, лимонска и јаболкова киселина. За разлика од класичниот оцет, јаболковиот оцет се карактеризира со светло жолто-кафеава боја и често се продава нефилтриран и непастеризиран со темен и матен талог кои доаѓа главно од оцетните бактерии.

Исто така, јаболковиот оцет е важен извор на пектин, витамини и минерали. Пектините спаѓаат во групата на растворливи диетални влакна, тие не се ресорбираат во дигестивниот тракт, но имаат поволно влијание врз регулирањето на нивото на маснотии во крвта.

Традиционално, јаболков оцет се користи како зачин и додаток во исхраната.

Јаболковата киселина е алфа-хидрокси органска киселина што се наоѓа во јаболката и другите овошја. Таа е клучно соединение во биохемискиот циклус на производство на енергија во клетките познато како циклус на лимонска киселина или Кребсов циклус.

Според одредени прелиминарни истражувања, јаболковата киселина во комбинација со магнезиум може да биде корисна кај луѓе со фибромијалгија, а со витаминот Ц дава одлични резултати во контролирање на телесната тежина, детоксикација на организмот, согорување на маснотиите и генерално подобрување на работата на органите за варење.

Иако јаболков оцет се смета за одличен за лице, коса, проширени вени, холестерол, брчки, па дури и мозолчиња, само во идеална количина, а особено во комбинација со витамин Ц, во која доаѓа во препаратот на MaxMedica Јаболков оцет + Ц дава максимални резултати.

Како помага витаминот Ц?
Витаминот Ц придонесува за нормално производство на колаген за нормална функција на крвните садови, како и за нормална функција на коските, ‘рскавицата, непцата, кожата.

Учествува во метаболизмот на создавање енергија за функционирање на нервниот систем, им помага на сите психолошки функции. Придонесува и за функцијата на имунолошкиот систем, ги штити клетките од оксидативен стрес, го намалува заморот и исцрпеноста и ја обновува намалената форма на витамин Е.

Витаминот Ц исто така ја зголемува апсорпцијата на железо.

Активни состојки – 3 капсули содржат

  • Јаболков оцет во прав стандардизиран на 8% јаболкова киселина 600 mg
  • Витамин Ц 150 mg>

Состав
Јаболков оцет во прав стандардизиран на 8% јаболкова киселина, витамин Ц (Л-аскробинска киселина), малтодекстрин, средства против згрутчување: магнезиум стеарат и сицилиум-диоксид, капсула –желатин, пречистена вода, боја (титан диоксид).

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства  консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”