Inositol капсули

980.00 ден

Краток опис на производот:

Inositol е нутриент од семејството Б-витамини. Формата на инозитол што се користи во овој производ е Мио-Инозитол, најконцентрирана форма на оваа хранлива состојка.

Нема на залиха

ИЗВЕСТУВАЊЕ: За жал овој производ го немаме на залиха, една од причините е неможноста да биде нарачан од сите релевантни веледрогерии во Македонија. Погледнете што препорачува аптека ЕРИКС како замена и/или поврзани/слични производи.
За повеќе информаци околу достапноста ве молиме контактирајте со нас.

SKU: inositol-kaps

Бренд

NOW Logo

Детален опис на производот:

Inositol е нутриент од семејството Б-витамини. Најчесто е присутен во ореви, кикирики и цитрусно овошје. Тој е клучна компонента на клеточната мембрана и поради тоа е вклучен во испраќање на сигнал помеѓу клетките. Конкретно, инозитолот ја зголемува чувствителноста на различни рецептори. Една клетка ослободува хемикалии (“порака”) која се доставува до другата клетка да изврши дејство. Сепак, ако другата клетка не може да прими порака, хемиската реакција е неупотреблива. Тука главна улога има инозитолот да ги подготви рецепторите за да се прими оваа порака.

Формата на инозитол што се користи во овој производ е Мио-Инозитол, најконцентрирана форма на оваа хранлива состојка. Инозитолот е присутен во сите клеточни мембрани, со највисоки концентрации во мозокот и централниот нервен систем, каде што игра важна улога во невротрансмитерната сигнализација.

Препорака за употреба:
Земете 1 капсула дневно.

Предупредување:
Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.