INNOPEA ќесички

845.00 ден

Краток опис на производот:

INNOPEA претставува додаток на исхрана со палмитоилетаноламид и витамини од Б групата кои придонесуваат за нормална функција на нервниот и имунолошкиот систем, нормална психолошка функција, како и во намалување на заморот и исцрпеноста.

SKU: innopea

Детален опис на производот:

INNOPEA ќесички – Единствена формулација за третман на болка и воспаление.

INNOPEA® претставува додаток на исхрана со палмитоилетаноламид и витамини од Б групата кои придонесуваат за нормална функција на нервниот и имунолошкиот систем, нормална психолошка функција, како и во намалување на заморот и исцрпеноста.

INNOPEA® благодарение на специфичната патентирана формулација придонесува во намалување на оксидативниот стрес кај хронични болни и воспалителни состојби, стимулација на имуниот систем и побрзо закрепнување на организмот.

Состав
Активни состојки: 1 ќесичка (2g)

  • Levagen® 350 mg (од кои палмитоилетаноламид 315 mg)
  • Витамин Б1 (тиамин-хидрохлорид) 0,55 mg
  • Витамин Б6 (пиридоксин-хидрохлорид) 0,70 mg
  • Витамин Б12 (метилкобаламин) 1,25 μg

Терапевтски ефекти

  • Редукција на акутни и хронични воспаленија
  • Намалување на интензитетот на акутна и хронична невропатска болка
  • Регулација на имуниот одговор
  • Заштита на нервниот систем
  • Оптимизација на когнитивните функции
  • Подобрување на квалитетот на живот

Зошто INNOPEA®?

  • Ефикасно го намалува интензитетот на акутна и хронична болка и воспаление
  • Уникатниот фармацевтски облик обезбедува брз почеток на дејство
  • Помала доза остварува подобар терапевтски ефект
  • Го штити нервниот систем и го подобрува квалитетот на живот
  • Добро се поднесува, без несакани ефекти
  • Комфорна примена, 1-2 ќесички дневно

Индикации
INNOPEA® е корисна во намалување на симптомите кај заболувања кои се проследени со невропатска болка, невроинфламација и невродегенерација.

  • Болни и воспалителни состојби на периферен и централен нервен систем
  • Невродегенеративни болести
  • Невропатска или мешана болка предизвикана од канцер и хемотерапија
  • Хронични инфламаторни и дегенеративни заболувања
  • Нарушувања на спиењето

Начин на употреба
Возрасни:
Растворете ја содржината од ќесичката во чаша вода и испијте ја, или содржината од ќесичката растопете ја директно во уста, без додавање на течности, наутро и навечер во првите 15 дена. После тоа, да се продолжи со употреба на една ќесичка, еднаш дневно.

Пакување
15 ќесички со засладувач и арома на малина.