Детален опис на производот:
Што претставува Imunobor® Uro, 30 капсули?
Imunobor Uro е природен производ кој ја зголемува природната заштита на организмот кон инфекции на уринарниот тракт и помага за отстранување на бактериите од уринарниот систем.
Што содржи Imunobor® Uro, 30 капсули?
Содржи две комплементарни состојки кои помагаат за подобрување на имунитетот кај уроинфекции. Секоја капсула содржи 300mg стандардизирани екстракти на Beta Glucan и 300mg Cranberry (Американска брусница). Процесот на стандардизација гарантира чистота и ефективност на секоја капсула.
Како деjствува Imunobor® Uro?
Боровинката (Сгаnbеггу) спречува прилепување на бактериите врз слузницата на уринарните патишта и излачува во урината материи, кои го запираат размножувањето на бактериите . Таа делува во намалување на воспалението и болката.
Beta Glucan се поврзува со специфичните рецептори на имуните клетки и ја зголемува нивната способност да убиваат микроорганизми; има директен антимикробен ефект врз голем број микроорганизми; ја зголемува локалната имунолошка заштита на слузницата на уринарниот систем; има анти-инфламаторен ефект. Има синергистички ефект со голем број на антибиотици и ја намалува потребата од антибиотска терапија.
Благодарение на взаемниот потенцирачки ефект на двете состојки Imunobor Uro има моќно имуностимулирачко, противвоспалително, противмикробно и смирувачко дејство.
Кога да употребуваме Immunobor Uro?
Се применува за зајакнување на имунолошкиот систем кај:
- Инфекции на уринарниот тракт – уретрити, циститис, пиелонефрит и др.
- Превенција на рецидив на уроинфекции
- асимптоматска бактериурија
- Склоност кон чести инфекции
- За време и по антибиотска терапија.
За време на акутни уроинфекции Imunobor Uro се применува како комплементарно средство кон антибиотска терапија за чистење на бактериите.
Како употребуваме Immunobor Uro?
Во првите 10 дена се зема 3 пати по 1 капсула дневно пред оброк (на гладно), а потоа од 1 до 2 капсули дневно.
Кај акутни уроинфекции курсот трае 3 месеци; кај рекурентни уроинфекции од 6 до 12 месеци; кај асимптоматски бактериурии – до добивање на стерилна урина. Ако има потреба курсот може да се повтори.
Дали има несакани ефекти и ограничувања при прием?
Imunobor Uro е природен производ и е практично безопасен. Не се забележани несакани ефекти. Нема контраиндикации.
Дали има интеракција со други лекови?
Imunobor Uro покажува фаворизирана интеракција со голем број на антибиотици и ја зголемува нивната ефикасност, ако се применуваат заедно.
Кои се научните докази во поддршка на Immunobor Uro?
Активностите на состојките на Imunobor Uro се истражени во однос на имуностимулирачкиот, антимикробниот, антиинфламаторниот и други ефекти. Експерименталните и клиничките студии потврдуваат дека состојките на Imunobor Uro го стимулираат специфичниот, неспецифичниот и локалниот имун одговор и ги чистат бактериите од уринарниот систем.
Imunobor® е трговска марка на БОРОЛА. Продуктот е произведен во САД во согласност со барањата на Добрата производна пракса. Imunobor Uro е граничен производ. Чувајте го на суво, недостапно за деца место на температура под 30˚С.
Имунитет и уринарни инфекции
Инфекциите на уринарниот систем се многу чести болести, иако само инфекциите на респираторниот систем се почести од нив. Жените се особено склони кон уроинфекции. Секоја петта жена во својот живот боледува од уроинфекции. Од нив 20-30% рецидивираат.
Некои луѓе се повеќе склони кон инфекции – пр. такви со аномалии на урогениталниот систем, зголемување на простатата, поставен во меурот катетер, возрасни луѓе и дијабетичари. Детскиот организам е подложен на инфекции, особено во раната детска возраст кога имунолошкиот систем е сеуште незрел. Секоја состојба која го потиснува имунолошкиот систем, го зголемува ризикот од уроинфекции.
Поради уроинфекции годишно се испишуваат милиони рецепти за антибиотска терапија. Ненавремено и несоодветно лекување, како и злоупотреба на антибиотици водат до ризик од развој на отпорност, секундарна имунодефициенција и хронифициране на болеста со онеспособеност на пациентите.
Ние постојано сме изложени на дејството на различни патогени вируси, бактерии и др., Особено за време на епидемии. Стресот, уморот, траумите, лошата исхрана и други фактори можат да доведат до слабеење на имунолошкиот систем. Тогаш организмот станува подложен на инфекции. Ова може да доведе до акутни и хронични заболувања. Инфекциите се одвиваат тешко и долготрајно и организмот се опоравува побавно. Ослабнатиот имунолошки систем исто така е предуслов за бројни компликации од болестите, затоа што организмот не може да го отстрани нивниот причинител.
Како да се заштитите од уроинфекции и да се подигне одбрамбената моќ?
- Пијте многу вода секој ден
- Не ја задржувајте урината кога чувствувате потреба да уринирате
- Туширање наместо када
- Не користете женски хигиенски спрееви и козметички средства кои можат да ја дразнат уретрата
- Употребувајте имуностимулатор, пр. Imunobor Uro.
Имуностимулацијата потенцира неспецифични и специфични имунолошки реакции на различни патогени агенси (бактерии, вируси, паразити).
Imunobor Uro не само што ја стимулира природната заштита на организмот, но и не дозволува бактериите да се прилепуваат кон ѕидот на уринарниот тракт.
Imunobor Uro помага на организмот сам да се избори со уроинфекции.