Ice Power Cold Gel ладен гел

455.00 ден

Краток опис на производот:

Ice Power Cold Gel ладен гел – Оригинален, проверен и сигурен ладен гел којшто помага за брзо и ефикасно отстранување на болката и воспаленијата.

SKU: 6419854101308

Детален опис на производот и употреба:

Ice Power Cold gel е оригинален, проверен и сигурен ладен гел којшто помага за брзо и ефикасно отстранување на болката и воспаленијата. Благодарение на ладниот ефект од природниот состав богат со ментол, етанол и етерични масла се намалува температурата на површината на кожата за 5 до 7 степени што овозможува смалување на отоците, ослободување на мускулната напнатост и забрзување на процесот на опоравување од повреди.

ICE POWER COLD GEL е безбеден и за долготрајна употреба кај деца, бремени жени, доилки и возрасни лица при истегнувања, изместувања, спортски повреди, модринки, болки во вратот, рамениот појас, грбот и крстот, ревматски болки, болки при растење, мускулни тегоби, артрози, рахитис и скршеници.

  • безбедно отстранување на болката, без примена на лекови
  • соодветен за целото семејство
  • ефективни компоненти: ментол и етанол
  • клинички докажана ефикасност*

Ice Power Cold gel, соодветен за:

  • болки во вратот и рамењата
  • главоболка, пропратена со мускулна тензија (притисок)
  • болки во грбот, поврзани со мускулите
  • болки при раст, кај деца
  • невралгии (болки поврзани со нервите)
  • рехабилитација и физички вежби

3С ефект на Ice Power ладниот гел и крема, при мускулна болка:

1. Ладење (Cooling)

  • Ice Power ладниот гел содржи оптимална комбинација на ментол и етанол
  • Ваквата уникатна комбинација, ја намалува температурата на кожата за приближно 5-7 степени

2. Контрола (Controlling)

  • Делува на сензорните нерви за болка и системот за болка, преку намалување на температурата на кожата
  • Намалувањето на температурата на кожата и ефектот на ладење, го активираат ТРПМ8 рецепторот
  • ТРПМ8 рецепторот, спаѓа во групата на терморегулациони рецептори, преку кои се пренесуваат сигналите и чувството (сензацијата) за болка

3. Циркулација (Circulation)

  • Ефектот на ладење на Ice Power Cold Gel, настанува како резултат на првично намалување на циркулацијата на крвта. Потоа, после 15 минути, циркулацијата на крвта се зголемува (нормализира)
  • Како резултат на зголемувањето на циркулацијата на крвта, доаѓа до релаксирање на мускулите. Зголемувањето на циркулацијата на крвта, овозможува активирање на системот за само-заздравување и ја олеснува рехабилитацијата (обновата) на местото на повредата.

Како се употребува Ice Power Ладниот Гел?
Нанесете доволна количина од Ice Power Ладниот Гел, 3-4 пати во текот на денот, на местото на повредата, се додека болката и дискомфортот не се ублажени. Оставете го гелот да се абсорбира, не масирајте!

Ice Power Ладниот Гел се препорачува за деца над 6 години возраст. За деца над 2 години возраст, соодветна е Ice Power Ладна Крема. Ice Power Ладниот Гел е соодветен за употреба за време на бременост и доење, и безбеден за истовремена употреба со антикоагуланси. Да се избегнува контакт со очите, мукозните мембрани (слузокожа) и отворени рани.

Пакување:
75ml