IBUTOP AKUT меки капсули
180.00 ден
Краток опис на производот:
IBUTOP AKUT меки капсули се употребува при лесна до умерена болка (главоболка, мигренозна болка, забоболка, менструална болка); при грозница (покачена телесна температура); за симптоматски третман на болка и воспаление кај пациенти со акутно воспаление на зглобовите, хроничен артритис, анкилозен спондилитис и други воспалителни ревматски заболувања на ‘рбетот, иритација од дегенеративни заболувања на зглобовите и ‘рбетот, воспалителни ревматски заболувања на меките ткива, болни отоци и воспаление по повреда или операција.
Детален опис на производот:
IBUTOP AKUT меки капсули – е против воспалителен лек и лек кој ослободува од болка (не-стероиден анти-инфламаторен/антиревматски лек).
Ибутоп Акут се употребува:
- при лесна до умерена болка (главоболка, мигренозна болка, забоболка, менструална болка)
- при грозница (покачена телесна температура)
- за симптоматски третман на болка и воспаление кај пациенти со акутно воспаление на зглобовите (акутен артритис), вклучувајќи напад на гихт, хроничен артритис, особено ревматоиден артритис (хроничен полиартритис), анкилозен спондилитис (Bechterew-ова болест) и други воспалителни ревматски заболувања на ‘рбетот, иритација од дегенеративни заболувања на зглобовите и ‘рбетот (остеоартритис и спондилоартритис)
- воспалителни ревматски заболувања на меките ткива
- болни отоци и воспаление по повреда или операција.
Состав:
секоја мека капсула содржи 400 мг ибупрофен.
Употреба:
- За ублажување на болка и намалување на грозница:
Дозата на ибупрофен треба да се заснова на возраста и/или телесната тежина. Препорачана единечна доза за адолесценти од 15-годишна возраст и возрасни е од 200 до 400 мг ибупрофен. Вкупната дневна доза не треба да надминува 1200 мг ибупрофен и треба да биде поделена во 2-4 единечни дози распоредени во текот на денот.
Кога сте ја употребиле максималната единечна доза, почекајте најмалку 6 часа пред да ја употребите следната доза.
- За третман на ревматски заболувања:
Дозата на ибупрофен треба да се заснова на возраста и/или телесната тежина. Препорачаниот опсег на дозата за адолесценти од 15-годишна возраст и возрасни е од 1200 до 2400 мг ибупрофен на ден. Максимална единечна доза за возрасни не треба да надминува 800 мг ибупрофен.
- Нaчин на употреба и времетраење на третманот:
Проголтајте ја Ибутоп Акут цела со многу течност и не ја земајте на празен желудник. Ако имате чувствителен желудник, се препорачува да земате Ибутоп Акут за време на оброци.
Пакување:
10 капсули
Аптека ЕРИКС препорачува: