Детален опис на производот:
Herbion сирупот од исландски лишај се препорачува за сува и надразнителна кашлица, засипнатост и болно грло.
Herbion сирупот од исландски лишај содржи:
- екстракт од исландски лишај
Хербион сирупот од исландски лишај има природен вкус на лимон.
Не содржи шеќер, туку сорбитол од природно потекло.
Начин на употреба:
- Возрасни и деца над 16 години: 15 ml од сирупот 4 пати на ден
- Деца на возраст од 10 до 16 години: 10 ml од сирупот 4 пати на ден
- Деца на возраст од 4 до 10 години: 5 ml од сирупот 4 пати на ден
- Деца на возраст од 1 до 4 години: 2.5 ml од сирупот 4 пати на ден
- Деца и бебиња помали од 1 година: не се препорачува
- Немојте да јадете или пиете веднаш по земањето на лекот бидејќи храната и пијалоците го забрзуваат отстранувањето на лекот од слузницата на устата и грлото.
- Доколку симптомите се влошат или не се подобрат по 1 до 2 недели, консултирајте се со лекар.