Детален опис на производот:
Хербион сирупот од бршлен се препорачува како експекторанс при продуктивна кашлица. Наменет е и за најмалите деца над 2 години (2+).
Хербион сирупот од бршлен содржи:
- сув екстракт од лист од бршлен
Хербион сирупот од бршлен има природен вкус на мелем од лимон.
Не содржи шеќер, туку сорбитол од природно потекло.
Начин на употреба:
- Возрасни и деца над 12 години: 5ml до 7.5 ml од сирупот 2 пати на ден
- Деца на возраст од 6 до 12 години: 5 ml од сирупот 2 пати на ден
- Деца на возраст од 2 до 5 години: 2.5 ml од сирупот 2 пати на ден
- Деца помали од 2 години: не се препорачува
- Сирупот треба да се зема наутро и напладне.
- Се препорачува пиење на многу чај и други топли пијалоци за време на земањето на сирупите, но не веднаш по нивната употреба бидејќи храната и пијалоците може да го забрзаат отстранувањето на лекот од слузницата на устата и грлото.
- Доколку симптомите се влошат или не се подобрат по 1 до 2 недели, консултирајте се со лекар.