Herba Natura Масло од црно семе е најсилен природен зајакнувач на имунолошкиот систем, кој има изразено антиалергиско, антибактериско, антивирусно, антифунгално, антивоспалително, антипиретично и др. дејства. Особено се препорачува како превенција во сезона на грип и настинка. Содржи Омега 6 и Омега 9 масни киселини, потоа калциум, цинк, бакар, железо, фосфор, витамините Б1, Б2, Б3, Б6 и Б9 и други витамини и минерали, а главна состојка е Thymoquinon. Се добива со метод на ладна екстракција, 100% природно.
Маслото од црно семе се користи при:
- автоимуни заболувања;
- намалување на симптомите на алергии;
- намалување на последиците од хемотерапија и зрачење;
- дијабетис и стабилизирање на крвниот притисок;
- детоксификација на организмот;
- смирување на кашлица и астма;
- покачена телесна температура;
- ревматски и мускулноскелетни нарушувања;
- регулирање на холестеролот, мастите и триглицеридите во крвта;
- регулирање на работата на дигестивниот тракт;
- невролошки пореметувања и артритис;
- габични инфекции, псоријаза и дерматитис и др.
Својства на маслото од црно семе
Маслото од црно семе се смета за панацеа односно универзален лек. Тоа содржи повеќе од сто активни супстанци, кои се извонредно балансирани, а неговата главна активна состојка е Thymoquinon. Иако е познато уште од времето на фараоните, сепак посериозни испитувања за ова масло се направени во периодот по 1964 година. Досега се објавени преку 480 научни трудови кои се занимаваат со употребата на ова масло и сите упатуваат на фактот дека маслото од црното семе има силно изразени лековити својства. Така, ова масло го јакне имунолошкиот систем, ги регулира проблемите со дишните патишта (алергии и астма), го регулира високиот крвен притисок, ја подобрува циркулацијата, го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта, помага при проблеми со дијабетис, артритис, невролошки пореметувања, бактериски и габични заболувања, го поттикнува размножувањето на ќелиите на коскената срж, го спречува развојот на ракот, итн.
Првото поважно истражување за дејството на маслото од црно семе при превенција од тумори е направено во „Cancer Immuno-Biology Laboratory“ во Јужна Каролина. Научниците кои го спровеле истражувањето, дошле до заклучок дека здравиот имунолошки систем ќе ги уништи канцерогените клетки уште пред тумурот да може да го загрози пациентот, а маслото од црно семе е токму природен зајакнувач на имунитетот. Федералната управа за контрола на лекови и храна во САД, во 1996 година ја одобрила употребата на маслото од црно семе за третман на канцерогени болести и намалување на негативните ефекти од хемотерапијата. Група лекари од Саудиска Арабија, од истражувањето кое го спровеле во 2007 година, дошле до заклучок дека маслото од црно семе го намалува високиот крвен притисок, ја подобрува циркулација и ги смалува нивото на холестеролот и шеќерот во крвта.
Начин на употреба на маслото од црно семе
Маслото од црно семе задолжително се користи разредено. За превентивна употреба се зема до два пати на ден по една кафена лажица, со една лажица мед растворен во половина чаша вода. При утврдени заболувања се зема по една супена лажица, следена веднаш со земање на една супена лажица мед растворен во половина чаша вода, 15 минути пред јадење, два пати на ден (на секои 12 часа). Може да се зема и со сок од портокал или чај. Дозата за деца е половина од препорачаната доза за возрасни. Ова масло може да се користи и како додаток во салати.
Напомена:
Сите информации околу својствата, индикациите и начинот на употреба на маслото од црно семе се засноваат на стручната литература и на светски интернет страници посветени на лековити билки и здрав живот. Содржините се од информативен карактер и не се наменети за дијагностицирање или лекување. Одлуката да се користи маслото од црно семе е одговорност на читателот.
Мерки на претпазливост:
Маслото од црно семе треба да се чува на суво и темно место, недостапно за деца. Не се препорачува негово користење од страна на трудници и доилки.